„Од другата страна на надежта“ (фински: Toivon tuolla puolen) — финско-германски филм од 2017 година, во режија на Аки Каурисмаки (Aki Kaurismäki), кој е автор и на сценариото. Главмите улоги ги играат: Шерван Хаџи (Sherwan Haji), Сакари Куосманен (Sakari Kuosmanen), Илка Којвула (Ilkka Koivula), Јане Хитjајнен (Janne Hyytiäinen) и Нупу Којву (Nuppu Koivu). Филмот има освоено повеќе награди, меѓу кои и две награди на 67. издание на Берлинскиот филмски фестивал (за најдобра режија и „Сребрена мечка“).„Златна мечка за унгарски љубовен филм“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 19. По завршувањето на филмот, Каурисмаки изјавил дека повеќе нема да режира.HRT, Druga strana nade, finsko-njemački film (12) (R) (пристапено на 3 јули 2021)
Синопсис Валдемар, поранешен трговски патник, добива пари на покер, купува ресторан и почнува да се занимава со угостителство. Бегалецот од Сирија, Халед, илегално влегува во Финска во потрага по својата сестра и бара азил, а откако го одбиваат, тој бега и се крие во близината на ресторанот на Валдемар, кој решава да му помогне на бегалецот...
Наводи
Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Фински филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови на фински јазик Категорија:Филмови на Аки Каурисмаки Категорија:Филмови со Шерван Хаџи Категорија:Филмови со Сакари Куосманен Категорија:Филмови со Илка Којвула Категорија:Филмови со Нупу Којву Категорија:Филмови со чие дејствие се одвива во Финска