Спасо Перов Жежовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Спасо Жежовски
Животопис Потекнувал од бедно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство и чување добиток. На 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во борбите против балистите во близина на своето родно место, се истакнал со учество во првите борбени редови. По ослободувањето на Македонија заминал за Косово, каде учествувал во ликвидирањето на балистичките банди. Во составот на XV македонски корпус заминал за Срем. Учествувал како пушкомитралезец во пробивот на Сремскиот фронт и се истакнал со својата храброст. Загинал на 16 април 1945 година, во првите борбени позиции кај Будровци. По војната неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во неговото родно село.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ