мини|десно|Црвен циркон (1 см) од Гилгит, Пакистан. Четириаголен кристален систем (тетрагонален кристален систем) — еден од седумте кристални системи во кристалографијата. Ваквите кристални решетки произлегуваат од истегнување на коцкеста решетка долж еден од нејзините решеткени вектори, така што коцката станува правоаголна призма со квадратна основа (a по a) и висина (c, која е различна од a).

Бравеови решетки

Дводимензионални

Постои само една четириаголна Бравеова решетка во две димензии: квадратната.

Бравеова решетка Квадратна Пирсонов симбол tp Единична ќелија 100п

Тридимензионални Постојат три четириаголни Бравеови решетки: проста (со истегнување на проста коцкеста решетка) и центрирана (со истегнување на страноцентрираната или телоцентрираната коцкеста решетка). Може да се претпостави дека со истегнувањето на страноцентрирана коцка би се добило страноцентрирано четириаголнно тело, но тоа е еквивалентно на телоцентрираното четириаголно тело (со помалку меѓупростор на решетките). Второспоменатото се смета за пофундаментално, па затоа ова е стандардна терминологија.Cubic-to-Tetragonal Transition

Бравеова решетка Примитивначетириаголна Телоцентрираначетириаголна Пирсонов симбол tP tI Единична ќелија 100п 100п

Кристални класи Подолу се наведени точковните групи кои спаѓаат во овој кристален систем заедно со нивните претставувања според разни записи и примери на такви минерали.Webmineral dataHurlbut, Cornelius S.; Klein, Cornelis, 1985, Manual of Mineralogy, 20th ed., pp. 73–78,

Бр. Точковна група Вид Пример Просторни групиНазив Меѓун. Шен. Орб. Кокс. Примитивна Телоцентрирана 75–80 четириаголно пирамидална 4 C4 44 + енантиоморфна поларна пиноит, пијпит P4, P41, P42, P43 I4, I41 81–82 четириаголно дисфеноидна S4 2× [2+,4+] канит, тугтупит P I 83–88 четириаголно двопирамидална 4/m C4h 4* [2,4+] центросиметрична шеелит, вулфенит, леуцит P4/m, P42/m, P4/n, P42/n I4/m, I41/a 89–98 четириаголно трапезоедарска 422 D4 224 [2,4]+ енантиоморфна кристобалит, вардит P422, P4212, P4122, P41212, P4222, P42212, P4322, P43212 I422, I4122 99–110 двочетириаголна пирамидална 4mm C4v *44 поларна дијаболеит P4mm, P4bm, P42cm, P42nm, P4cc, P4nc, P42mc, P42bc I4mm, I4cm, I41md, I41cd 111–122 четириаголно скаленоедарска 2m D2d (Vd) 2*2 [2+,4] халкопирит, станит P2m, P2c, P21m, P21c, Pm2, Pc2, Pb2, Pn2 Im2, Ic2, I2m, I2d 123–142 двочетириаголно двопирамидална 4/mmm D4h *224 [2,4] центросиметрична рутил, пиролузит, циркон P4/mmm, P4/mcc, P4/nbm, P4/nnc, P4/mbm, P4/mnc, P4/nmm, P4/ncc, P42/mmc, P42/mcm, P42/nbc, P42/nnm, P42/mbc, P42/mnm, P42/nmc, P42/ncm I4/mmm, I4/mcm, I41/amd, I41/acd

Поврзано Кристална структура Точковна група Бравеева решетка

Наводи

Категорија:Кристални системи