мини|265x265пкс|Островот Ишигаки гледан од Такетоми. мини|265x265пкс|Улица на островот Такетоми. Такетоми (竹富島, Такетоми-џима, јејамски: Теедун; окинавски: Дакидун) ― остров на кој се наоѓа гратчето Такетоми, во рамките на Округот Јејама во префектурата Окинава, Јапонија. Такетоми е едно од Јејамските Острови. Населението на островот Такетоми изнесува 323 жители согласно до јануари 2012.

Географија Островот Такетоми се наоѓа на 4 км јужно од островот Ишигаки. Островот има село во средината, исто така наречено Такетоми. Островот зафаќа 5.42 км2, и е долго 2.7 км2 исток кон запад и 3.4 км2 север кон југ. Такетоми е подигнат корален атол. Островот има кружен облик и е опкружен со корални гребени. Островот Такетоми е дел од Националниот парк Ириомоте-Ишигаки, основан во 1972 година.

Такетоми е познат по своите „традиционални окинавски куќи“, камени ѕидови и песочни улици, што го прави популарен кај туристите. Воведени се разни правила за да се спречат естетски непријатните аспекти на современата градба да ја уништат убавината на островот, како што е замена на рачно редениот камен со бетонски ѕидови. Популарните туристички активности вклучуваат одморање на плажа, нуркање, возење со воловска кола низ селото и едноставно пешачење или возење велосипед низ островот додека уживате во чудесноста на селото и природната глетка.

Академиците признаваат дека „традиционалниот“ пејзаж на Такетоми е современ производ. Денес куќите на Такетоми се познати по визуелно привлечни покриви со црвени ќерамиди. Меѓутоа, на обичните луѓе им било забрането да градат куќи со ќерамиди од страна на Кралството Рјуакју во Окинава до неговото укинување. Црвенопокривните куќи првпат се појавиле на островот Такетоми во 1905 година и останале симбол на богатство со децении. Уште во 1964 година, навистина традиционалните куќи од слама сочинувале 40% од куќите на Такетоми. Покриви со ќерамиди се шират напоредно со конзерваторското движење.

Островот е исто така познат по своите прекрасни плажи и хошизуна или хошисуна, што значи „ѕвезден песок“, кој е составен од остатоците од едноклеточното животно Foraminifera.

Стопанство Главните индустрии на островот Такетоми се туризмот и производството на шеќерна трска.

Превоз Островот Такетоми е достапен со десет минути возење со брод од островот Ишигаки. Сите области на островот се во непосредна близина. Исто така, постојат различни места за изнајмување велосипеди во селото.

Образование Општинските власти воТакетоми одржуваат едно споено основно и средно училиште со две години на островот: основно и средно училиште „Такетоми“ (竹 富 町 立 竹 小 中 学校).

За државно средно училиште со трета и четврта година, учениците можат да ги посетуваат училиштата на Окинавскиот префектурски образовен одбор.

Наводи

Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Острови во Јапонија