Мачвански Управен Округ () - еден од осумте административни окрузи на Шумадија и Западна Србија. Се протега во западните делови на Србија, во географските области на Мачва, Подриње, Посавина и Поцерина. Според резултатите од пописот во 2011 година, во округот има 298.931 жител. Административен центар на областа Мачва е градот Шабац.

Градови и општини Округот ги опфаќа градовите Шабац и Лозница и општините:

Богатиќ Владимирци Коцељева Мали Зворник Крупањ Љубовија

Демографија

Според последниот официјален попис направен во 2011 година, округот Мачва има 298.931 жители. 29,14% од населението живее во урбаните средини.

Етнички групи Етнички состав на Мачванскиот Округ: Етничка група Популација % Срби 284.165 95,06% Роми 4.537 1,52% Муслимани 1.501 0,50% Хрвати 327 0,11% Бошњаци 271 0,09% Југословени 261 0,09% Црногорци 185 0,06% Македонци 150 0,05% Унгарци 108 0,04% Други 7.426 2,48% Вкупно 298.931

Историја и култура мини|десно|Куќата на Вук Караџиќ во Тршиќ мини|десно|Спомен-костурница на Цер Во околината на Шабац може да се видат познати споменици, посветени на настани од историјата на српскиот народ: Споменикот на Караѓорѓе и српските херои од Првото српско востание и Музејот на Битката кај Мишар, остатоци од античките градови на бреговите на реката Сава: Ново Село, локалитетот на палатата на кралот Милутин и Косанин Град, средновековната тврдина на планината Цер.

Недалеку од Лозница се наоѓа селото Тршиќ, родното место на реформаторот на српскиот јазик и правопис, Вук Караџиќ. Од Тршиќ, пешачка патека води до манастирот Троноша, една од најстарите средновековни задужбини на династијата Немањиќ. Овој манастир од XIV век одиграл важна улога во зачувувањето на српската култура и традиција. Во текот на долг период, особено во текот на четиринаесеттиот век, во него се одржувала традицијата на препишувачка школа за свои и потребите на други манастири. Ова ги зачувало историските и културните документи на српскиот народ.

Поврзано Административна поделба на Србија Окрузи во Србија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Мачвански Управен Округ Категорија:Управни окрузи во Србија