Душко Тодосав Младеновски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Желбата за образованието му останала неостварена. Како седумгодишно дете, тој бил земен за овчарче кај поимотните селани, а подоцна работел ѝ како момок на туѓи имоти. Иако самоук, бил природно интелигентен и напреден младинец. Во едноличниот и тежок живот, во кој бил понижуван, ја почувствувал нечовечноста и суровата експлоатација. Се поврзал со напредните младинци од селото и градот Кратово и почнал активно да го помага народнооелободителното движење. Во мај 1944 година, додека бил регрутиран во бугарската војска и служел во Штип, добил задача од партиската организација од магацинот да подигне еден товар муниција и да ја пренесе на слободната територија за партизаните. Со уште еден другар под тешки околности задачата ја исполниле, а со тоа пристапиле во редовите на НОВ. Неколку месеци подоцна, во борбите против бугарскиот окупатор, во близината на Виница, Душко бил убиен, а неговиот гроб не бил откриен.

Поврзано

Андон Младеновски

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ