Ѓорѓи Величков Спасовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис Израснал во сиромашно ситно-земјоделско и сточарско семејство. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во неговото село, немајќи можност да го продолжи образованието, останал дома да помага на родителите во секојдневната работа. Во неговото село и околината често дејствувале единиците на народноослободителната војска на Македонија, а тоа придонело да се запознае со движењето и станал симпатизер и активен помагач. Кога од Шопско Рударе стапиле во единиците на НОВ повеќе младинци, во истите редови се нашол и тој. Земал учество во борбите што ги водела неговата единица за конечното ослободување на Македонија. Ѓopѓи учествувал и во борбите на Сремскиот фронт, каде на 21 април 1945 година загинал.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ