__NOTOC__ Кросненски Округ () — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Седиште на округот е градот Кросно Оджањске, сместен на 30 км западно од Желона Гура и 79 км јужно од Гожув Вјелкополски. Единствениот друг град е Губин кој лежи на германската граница, 28 км западно од Кросно Оджањске.
Округот зафаќа површина од и во 2019 г. броел 55.018 жители. Од нив, во Губин живееле 16.619, во Кросно Оджањске имало 11.319, а 27.080 лица живееле по селата.
Соседни места Кросненскиот Округ се граничи со Слубичкиот на северозапад, Суленќинскиот на север, Швјебоѓинскиот на североисток, Желоногурскиот на исток и Жарскиот на југ. На запад се граничи со Германија (округот Шпре-Ниса).
Административна поделба Округот се дели на седум општини од кои една е градска, една градско-селска и пет се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
ОпштинаВидПовршина(км2)Население(2019)СедиштеКросно Оджањскеградско-селски211,517.784Кросно ОджањскеГубинградска20,716.619—Губинселска379,77.156Губин*Домбјеселска170,04.930ДомбјеБобровицеселска185,13.205БобровицеМашевоселска213,62.812МашевоБитњицаселска208,72.512Битњица* седиштето не е дел од општината
Наводи
Надворешни врски
Портал на Кросненскиот Округ
Категорија:Окрузи во Лубушкото Војводство Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година