Петко Зафиров Ангелески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Споменик од НОВ, во Ехлоец на кој е впишано и името на Петко Ангелески.

Животопис Потекнувал од земјоделско семејство. Поради тешките услови за живеење, бил принуден да оди на работа во Скопје. По окупацијата за време на Втората светска војна, тој се вратил во своето село. Определен за борба против окупаторот, во текот на 1943 година, тој бил опфатен од партиската организација во селото. Активно работел за потребите на ослободителното движење, а од летото 1944 година, им се приклучил на партизаните и бил во Осумнаесеттата дополнителна партизанска бригада. Есента, 1944 година, тој се разболел во селото Атишта и бил однесен на лекување, но умрел во октомври истата година.

Поврзано

Видимка Ангелеска Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ