Општина Кузма () — општина во североисточна Словенија. Седиште на општината е селото Кузма. Областа е дел од историскиот регион Прекмурје. Денес е дел од Помурскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 1.573 жители.

Населени места Покрај општинското седиште Кузма, општината ги опфаќа и следните населени места:

Горњи Славечи Долич Матјашевци Трдкова

Географија Општина Кузма се наоѓа во крајниот сесевероисточен ридски дел на Словенија - на раскрсницата на три држави - долж границата со Словенија, Австрија и Унгарија. Општината зафаќа површина од приближно 22,9 км2 и се граничи со австриската сојузна држава Градиште, со унгарскиот округ Ваш и со словенечките општини Горњи Петровци, Град и Рогашовци. На подрачјето на општината, во Трдкова, има пирамидален триаголен камен од 1924 година. Секоја страна на пирамидата го носи грбот на една од пограничните земји и годината на државната граница (10 септември, 1919 и 4 јуни 1920 година).

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Кузма на Geopedia

Кузма Кузма