Србиново — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци.
Претставува населба и некропола од доцноантичко време.
На 1 км североисточно од селото, на левиот брег на Брегалница и во непосредната близина на најзината утока во Вардар, на голема тераса која зафаќа површина од околу 5 хектара се среќаваат множество фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и градежен материјал. При обработувањето на земјата се пронајдени и камени плочи од гробни конструкции. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 87, ISBN 9789989101069
Поврзано Грамади — населба од римското време; Димов Гроб — некропола од железното време; Србиново — населба и некропола од доцноантичкото време; Столот — населба од преминот од бронзеното во железното време и од хеленистичкото време; Страната — населба - викус од доцноантичкото време; Топот — утврдена населба - опидум од римското време; Уланци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Уланци