Кале — археолошко наоѓалиште во велешкото село С’лп. Претставува градиште од римското време. На 1,5 км североисточно од селото, на висок рид на десниот брег на Вардар, на зарамнет врв со површина од околу два декари се среќаваат делови од керамички садови и многу градежен материјал. Се гледаат и остатоци од бедемот на утврдувањето крај чие јужно подножје се гледаат остатоци од античкиот пат Стоби-Скупи.

Поврзано С’лп; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи