1725 Формирање на Росарио во Аргентина. 1824 Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив „Соединети Мексикански Држави“. 1883 Првото патување на возот „Ориент Експрес“. 1940 Средба на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер со цел да го прослават „Челичниот пакт“. 1941 Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски. 1957 Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми. 1993 Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите.
4 октомври