Основен суд Ресен — суд со основна надлежност сместен во градот Ресен и го опфаќа подрачјето на општината Ресен.
Судот во Ресен ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатата општини. Основниот суд во Ресен одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општината Ресен.
Историја
Основниот суд во Ресен, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година. Најпрвин работел како судско одделение, а од 1974 година работи како редовен суд.
Внатрешна организација
Основниот суд во Ресен е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение. На почетокот во 1945 година работел во долниот кат на куќата на Котларовци, сместена на ул. „29 Ноември“, спроти зградата на Сарајот. По 1996 година, судот е сместен во нова зграда во центарот на градот.
Претседатели на судот
Од неговото основање во 1978 година, претседатели на ОС Ресен биле следниве:
Киро Никовски
Поврзано Основни судови со основна надлежност во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Судови во Македонија Категорија:Згради и градби во Ресен