Ѓоле (Езерска Река или Курти; , Γκιόλι, Голи) — река во Костурско, Егејска Македонија. Долга е 10 км.
Местоположба Реката е единствениот истек од Костурското Езеро. Името ѝ потекнува од турскиот поим göl - „езеро“. Се одлева од јужниот крај на езерото, на 1,85 км источно од Дупјак и западно од Крпени, па тече на југ со меандри. Минува под првокласниот пат од Костур за Клисура. Тече покрај Здралци, Слимништа и Нова Костараџа, па се влева во Бистрица како нејзина лева притока.
Револуционерот Георги Христов напишал за реката:
На истекот на Ѓоле од езерото е направена брана од француски инженери во 1916 г. Во 1932 г. е изградена бетонска преводница со подвижни капаци за да се контролира нивото на езерото. Подоцна вратите се заменети со електрични, сместени на 550 м од бреговата линија на езерото, за да спроведување на вода во реката. Експерименталното регулирање на вратите во 2016 г. го подобрило квалитетот на езерската вода од лошо во 2014 до средно во 2016 г.
Поврзано Пополе
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Рупишта Категорија:Костур (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија)