Кетрин Изабел Одри Кидстон РБИ (родена на 6 ноември 1958 година) - англиска модна дизајнерка, деловна жена и автор чие друштво, Кет Китсон Лимитед продавала мебел и стоки поврзани со нив преку интернет, преку франшизи и по пошта. Особено е позната по своите носталгични цветни модели и има објавено и голем број книги. 

Семејно потекло и ран живот Бабата и дедото на Кидстон биле Глен Кидстон, успешен тркачки возач за Бентли во 1920-тите, и Ненси Сомс. Ненси е и баба на Саманта Камерон по татко, што ги прави втори братучетки.

Телевизиските водители Кирсти Алсоп и Софи Алсоп се нејзини втори братучетки по мајка, ќерки на Чарлс Алсоп, шестиот барон на Хиндлип, поранешен претседател на Кристи.

Кариера Кидстон ја отворила својата прва продавница во лондонскиот Холанд парк во 1993 година, продавајќи рачно везени крпи за чај и светло реновиран мебел. До крајот на 2013 година, таа имала 136 продажни места, вклучувајќи и водечка продавница на Пикадили и четири продавници во Кина. Појавувајќи се на ББЦ Радио 4, Кидстон ги опишала нејзините продавници како провокација на контраверзното „Луѓето или го сакаат тоа и многу го сакаат, или сакаат да не избодат“. Во 2010 година, го продала мнозинскиот удел на компанијата на приватни инвеститори, задржувајќи го малцинскиот удел и останала како креативен директор на компанијата.

Принцот Џорџ Велшки носел нејзина облека, која понатаму брзо се распродала.

Соработки Кидстон соработувала со Милет за дизајнирање шатори (2005–6), Нокиа и мобилни телефони за складиштето Карфон (2006), и радија Робертс (од 2005 година наваму). Во 2008 година, таа соработувала со Теско за производство на вреќи за пазарење направени од пластични шишиња, кои биле продадени за да се соберат скоро 500.000 фунти за грижа за Здружение за рак Марија Кири при што биле искористени околу шест милиони пластични шишиња од депонија.

Личен живот Партнер на Кидстон е музичкиот продуцент Хју Падгам . Кидстон има две домашни миленичиња, сејаламски териер по име Били и лејклендски териер по име Стенли, кои се вклучени во нејзините дизајни.

Наводи

Категорија:Членови на Редот на Британската Империја Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Живи луѓе

Категорија:Дизајнери