Св. Архангел Михаил — пронајдени се средновековни јами. Во дворот на манастирот, во 1974 год., при нивелирањето на теренот се откриени четири јами од кои три се истражени од Заводот и музеј во Штип. Јамите имале стопански карактер, односно служеле за складирање на жито (амбари).Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бреза — населба од доцноантичкото време; Врчвите — некропола – тумули од железното време; Градиште — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Градиште-Јабланица — населба од римското време; Келаклевец — населба од доцноантичкото време; Ковачилница — утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век; Куќата — населба од римското време; Линако — населба од доцноантичкото време; Пашајлов Преслап — населба од доцноантичкото време; Попов Рид — градиште од доцноантичкото време; Селца — населба од римското време; Шабанско Градиште — градиште од доцноантичкото време; и Широк Дол — могили од доцноантичкото време.
Наводи
Категорија:Берово