Митко Софронијов Миноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Бидејќи во неговото село немало, услови за живеење, заминал на печалба во Софија, каде работел како работник-армирач. Во Софија, тој живеел до средината на 1942 година, по што се вратил во своето село. Во селото се вклучил меѓу членовите на народно ослободителното движење, а во 1943 година станал ѝ член на КПМ. Работел за омасовување на народно ослободителното движење и учествувал во повеќе дејствија меѓу кои и акцијата за разоружување на Италијаните кај месноста Павли Дол во септември 1943 година. Во НОВ на Македонија, тој стапил во есентта 1944 година, во редовите на Првата македонска ударна бригада. Со Бригадата, тој учествувал во повеќе борби. Загинал во борбата за ослободување на Охрид во ноември 1944 година.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ