Билска Чука () — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија. Со 1.644 м претставува највисок врв бугарскиот дел на Огражден. Се издига на главното планинско било и има куполест облик со заоблени падини. Сместен е северозападно од врвот Маркови Кладенци и југоисточно од врвот Голак со кој е поврзан преку мало седло. Сочинет е од метаморфни карпи, пртежно биотитски и лискунски амфиболити. Почвата е циметна шумски, на места излужена и еродирана. Падините на врвот се обраснати со стари букови шуми, а на места се покриени со бел бор.

Искачување Главно пристапно место за искачување на Билска Чука е селото Гега, од каде почнува планинарска патека обележана со црвено која води до поножјето на врвот (месноста Плетваро).

Поврзано Маркови Кладенци Голак

Наводи

Надворешни врски Билска Чука во патопис за Огражден

Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Огражден Категорија:Општина Петрич