Парилско Седло () — планинско седло и превој во Пиринска Македонија, меѓу планините Славјанка (Алиботуш) на југ и Пирин на север. Сместен е на териториите на Општина Хаџидимово и Општина Свети Врач. На мало растојание на југ се протега границата со Драмско во Егејска Македонија.

Превојот е долг 10,6 км и се наоѓа на надморска висина од 1.174 м. Го поврзува јужниот дел на Неврокопската Котлина на исток со југоисточниот дел на Петричко-светиврачката Котлина на запад. Започнува од западниот крај на селото Парил на 817 м.н.в. и се насочуба кон југозапад, нагоре по долината на реката Чоковица (десна притока на Буровица). По 4,6 км стасува до седлото на 1.174 м.н.в. и почнува да се спушта на запад по долината на река Черешар (Голешовска Река). По 7 км завршува во североисточниот крај на селото Голешово на 756 м.н.в.

Седлото е кратко, широко и длабоко, со благи оградни падини. Има ерозивно потекло. Геолошката основа е сочинета претежно од гранити. Почвата е кафеава шумска. Обрасната е со букови шуми. Од неа на север, по билото на Јужен Пирин започнува туристичката патека која обележана со црвено и претставува дел од меѓународниот пешачки правец Е4. Јужно од неа, во планината Славјанка се наоѓа резерватот „Али Ботуш“. На десетина минути источно ос седлото е планинарскиот дом „Славјанка“ — важно поаѓалиште за низа туристически патеки во околината.

Низ превојот и есдлото минува делница од 10,6 км на третокласниот Републички пат III-1906 (од 19. до 30,6. км) Копривлен – Парил – Катунци. Патот по превојот е со доста лош каменлив пат и по него можат да одат само теренски возила. Зимно време не се одржува. Во времето на Отоманското Царство, патот бил главна комуникациска артерија, но денес има само локално значење.

Поврзано Мрвачко Резерват „Али Ботуш“

Наводи

Надворешни врски Лист од карта K-34-96. Размер: 1:100 000

Категорија:Планински превои во Пиринска Македонија Категорија:Пирин Категорија:Славјанка Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Општина Свети Врач