Свети Димитриј – манастирска црква на Трновскиот манастир, Македонија.

Историја

Црквата била изградена во 1860 година, но била разрушена во 1918 година, па била обновена во 2000 година.„Трново “. Мој Роден Крај.

Во внатрешноста на црквата се наоѓа фотографија на Стојанка Ајдерова, која била иницијатор за изградба на црквата.

Архитектура

Градбата на црквата е мала еднокорабна со четириаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна, а непосредно над влезната врата има вдлабнат крст.„Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина“. Оф Роуд - Македонија. Над крстот има ниша во којашто се наоѓаат две помали икони во лоша состојба, од кои на едната е насликан Свети Димитриј како јава коњ, а на другата е прикажана Богородица со Исус. Црквата е еднокорабна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но изобилува со бројни икони и слики закачени по ѕидовите. Иконостасот содржи два реда со икони над ѓаконовите порти и царските двери.

Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел има нешто поголема основа и на неговата јужна страна е сместен влезот. Горниот дел е подолг и во висина на ѕвоното има по една отворена монофора на секоја страна.

Галерија

Поврзано Трновски манастир Црква „Св. Никола“ - Будимирци Будимирци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трновски манастир (Мариово) Категорија:Будимирци Будимирци