Илија Трајанов Секулоски (во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Бидејќи немал можност да се школува, се занимавал со земјоделие. Како младинец се приклучил во воспитните групи во селото, а со доаѓањето на Кичевско-мавровскиот партизански одред во нивното село, Илија стапил во Одредот. Учествувал во повеќе дејствија на Одредот, а со основањето на Првата македонско-косовска бригада, тој станал нејзин борец. Со бригадата, тој заминал за егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, со отцепениот дел од Бригадата, со групата на Тихомир Шарески, тргнал на пат за Копачка и Дебрца, но останал покосен од „белата смрт“, на гребенот над селото Лисичани, Кичевско во февруари 1944 година.
Поврзано
Живко Секулоски Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ