Ило Данилов Стаматоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Споменик од НОВ, во Ехлоец на кој е впишано и името на Ило Стаматоски.
Животопис Поради тешкиот живот бил принуден да оди на печалба во Белград. Фашистичкиот напад на Југославија, го вратил назад во родното село Ехлоец, каде определен за борба против окупаторот, станал член на СКОЈ. Во летото 1943 година, тој стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со основањето на Првата македонско-косовска бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата, тој заминал за егејскиот дел на Македонија, каде учествувал во познатиот Богомилски поход. По враќањето на Бригадата, учествувал во завршните борби за ослободувањето на Македонија. Загинал во ноември 1944 година, при ослободувањето на Охрид.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ