Левко Ванчов Стојаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Левко Стојаноски. лево|мини|Спомен обележје на НОБ во Попоец.
Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие. Не можејќи да ја поднесе окупаторската власт, се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Како младинец, преку воспитните групи од селото станал член на СКОЈ. Активно го помагал народно ослободителното движење во текот на 1942 година, а во летото 1943 година, тој станал партизан во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, заедно со комесарот Мирко Милески, заминал да ја брани слободната територија на Буковиќ каде загинал во борбата против Германците и балистите на 1 октомври 1943 година.
Поврзано
Стојан Стојаноски Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Починати во Буковиќ (планина) Категорија:Учесници во НОБ