мини|Американската глумица Лилијан Гиш во утринска облека од шифон и чипка од 1922 година Шифон (фра: chiffon што во превод значи штоф или крпа) е лесна и прозрачна ткаенина исткаена од памук, свила или синтетички влакна.

Поранио шифонот се правел исклучиво од свила. Во 1938 г., пронајдена е најлонската верзија на шифон, а во 1958 г. создаден е и полиестерскиот шифон, кој стекна огромна популарност поради неговата издржливост и ниска цена. мини|Црвен фустан од шифон - креација на Ема Домб Шифонот најчесто се користи како вечерна облека, претежно како наметка, за да ѝ даде елегантен и лебдечки изглед на тоалетата. Ткаенината се користи и за изработка на женски блузи, панделки, марами и долна облека. Шифонот е тежок за работа поради неговата ретка (со слаба густина) и лизгава текстура. Поради ова, шифонот мора рачно и внимателно да се пере.Kadolph, Sara J., ed.: Textiles, 10th edition, Pearson/Prentice-Hall, 2007, , p. 230.

Шифонот е лесна ткаенина која може лесно да се отпара, и за да се спречи ова мора да се користат врзани или француски шевови. Шифонот е помазен и посјаен од на него сличната ткаенина Жоржет.

Наводи

Категорија:Ткаенини Категорија:Текстилни материјали