алт=Панче Васков|мини|д-р Панче Васков - Македонски револуционер Панче Васков со псевдоним Жапон (, Велес - 1951, Велес) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија мини|250x250пкс|Учители и ученици од Солунската гимназија во текот на учебната година 1888 – 1889. Панчо Васков е четврти на вториот ред од лево надесно. Панче Васков е роден во Велес, негови родители биле Никола Васков и Марија Коробар. Никола Васков со семејството живеел во куќата на Михајле Коробар. Родителите Никола и Марија имале уште три сина и две ќерки а Панче Васков е второто родено дете. Неговиот постар брат Милан бил посинет во семејството Мартулкови.

Основно училиште завршил во родниот град Велес, а гимназија во Солун со одличен успех. Како солиден ученик успеал да добие стипендија од општината Велес и да се запише на цивилниот Медицински факултет во Цариград, веројатно во 1888/89 година. Панче знаел добро француски и руски јазик па покрај турските медицински учебници учел и од француски учебници. Во текот на студиите посебно внимание посветувал на хируршките гранки и во неговата диплома е запишано „Д-р на медицина и на хирургија“. Студирал до 1896 година.

Тогаш во Османската империја како четврто дете на Никола Васков. Брат е на ПетарВасков, Иван и Јордан. Тој како и семејството Васкови немале своја куќа, живееле во куќата на вујкото на Панче, Андреј Корабаров, еден од организаторите на ВМОРО во градовите.

Васков започнал да се занимава со медицина во Костур, Коња и на други места. Во Костур бил еден од основачите на комитетот на ИМРО. Во 1896 година бил уапсен од турските власти и осуден на доживотен затвор и испратен во затворот Кој Џааз во Мала Азија. Му било дозволено да го лечи населението во Мала Азија, и тие го прогласиле за народен лекар. Во 1900 година, тој бил амнестиран од султанот за неговите услуги во затворот и се вратил во Велес, каде бил назначен за егзархиски лекар и ги лечел пациентите во тој период најмногу од маларија и туберкулоза.

Панче Васков бил близок со водачот на локалните социјалисти, Петар Алчев. За време на Илинденското востание им помагал на ранетите бунтовници. Водачите на ВМОРО Гоце Делчев, Даме Груев, Петар Попарсов, Ѓорче Петров често престојувале во куќата на Коробарови, каде што живеел Васков. Во оваа куќа, по иницијатива на д-р Васков, била формирана Првата македонска учителска општина, во која членуваат Христо Крастев од Радовиш, Димитар Битраков од Охрид и Димитар Хаџидинев од Дојран.

По Младотурската револуција во 1909 година, тој бил избран од Велес за еден од 25-те бугарски пратеници за албанската конференција во Цариград. Дебърски глас, година 1, брой 16, 19 юли 1909, стр. 1. Васков исто така имал големи заслуги за време на големата епидемија на колера и тифус во Велес од 1910 до 1914 година. Тој раководел со две болници и неговите напори спасиле многу луѓе. Носител е на Орден за заслуги, доделен од бугарската држава за време на Првата светска војна. ДВИА, ф. 1, оп. 4, а.е. 2, л. 209-210

После војната Васков продолжил да биде директор на болницата и останал на тоа место и во годините на Втората светска војна и после неа.

Д-р Панче Васков сепак доживеал длабока старост и починал на 81 година, во неговиот роден град Велес во 1951 година.

Неговиот син Благој Васков е виден ветеринарен лекар.

Наводи

Категорија:Починати во Велес Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во 1951 година Категорија:Родени на 10 јуни Категорија:Родени во 1870 година Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија) Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Четврта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Васкови