Археометрија е збир од физички и хемиски методи кои во археологијата се применуваат за одредување на староста и составот на материјалот. Опфаќа геофизички методи кои се користат за проспекција на археолошки наоѓалишта и објекти: магнетометриски мерења и мерења на електричниот отпор на погребните структури (метални предмети, материјали кои гореле, јами и ровови исполнети со органска материја, ѕидови и гробници). Потоа хемиски и геохемиски методи за одредување на составот на материјалот, како и физичко-хемиски методи за датирање.
Најголемата база за извор на врски поврзани со археометријата е ArchNet , т.е.WWW Virtual Library of Archaeology, каде можат да се најдат релевантни врски за археометријата, подредени според извори, почнувајќи од установи, области и континенти.
Проект - Македонска лабораторија за археометрија
Овој проект беше долго спреман и најавуван. Носител е Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во моментов работат со еден од најновите модели на инструменти т.н. микрорамански спектрометар, со чија помош може да се анализираат пигменти користени во средновековното фрескосликарство, како и неолитска и византиска керамика.
Надворешни врски Зголемување на истражувачките капацитети на лабораторијата за археометрија на Институтот за хемија при ПМФ - FP6 проект финансиран од страна на европската унија Интернет база за археометрија Македонија доби лабораторија за археометрија Европа ја поддржува соработката за византиското наследство Промовиран проект за археометрија
Категорија:Археолошки методи Категорија:Физика Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Применети науки