Куќа на Чока — архитектонска знаменитост во градот Битола.
Местоположба Се наоѓа во стариот дел на градот, на улица Влатко Миленкоски (поранешна Ѓуро Ѓаковиќ) бр. 26, во близина на митрополијата.
Историја Куќата е изградена во втората половина на XIX век.
Архитектура Во архитектурата има барокни влијанија во дизајнот на фасадните волумени и во примената на фасадната декорација. Сепак, се користат специфични волутни елементи, во кои се вметнати елипсовидни прозорци, кои ја формираат завршната површина на покривот. Овој елемент потсетува на италијанската ренесанса и ја нагласува припадноста на куќата на средоземниот стил, но е присутен и во доцните поствизантиски влијанија во развојот на црковната архитектура во XIX век на Балканот.
Наводи
Категорија:Култура на Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Згради и градби во Битола