Магдалена Ризова Черних (р. во Кавадарци) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис Во 1991 година, таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на Катедрата за драмски глумци, во класата на професорот Владимир Милчин. Во 1993 година, таа се вработила во Македонски народен театар во Скопје. Од 2009 до 2011 година, била дел од познатата серија „Народни приказни“ на А1-телевизија, каде била еден од основачите на тие приказни заедно со Сашо Ристовски, каде играла во над 100 епизоди, по сценарио на Велко Неделковски. Од 2018 година, таа работела во Театар Комедија. Покрај нив таа настапувала и во други театри во Драмски театар - Скопје и патувачкиот Театар „Колозов“. Таа е еден од основачите на патувачкиот театар „Хит“, заедно со Сашо Ристовски, каде веќе неколку години работат.

Театарски претстави Оју - Бетонската градина од Бранислав Јаковлевиќ, режија: Александра Ковачевиќ, Македонски народен театар - Скопје 1991; Јана војвода - Женски прилок во ноќта, режија: Владимир Милчин, Македонски народен театар - Скопје 1993: Госпоѓата - Слугинки, режија: Виолета Џолева, Македонски народен театар - Скопје 1993; Касандра - Троил и Кресида од Вилијам Шекспир, режија: Златко Славенски, Македонски народен театар - Скопје 1993; Аце - Буре Барут од Дејан Дуковски, режија: Сашо Миленковски, Македонски народен театар - Скопје 1994; Настасија Петровна - Мртви души од Гогољ, режија: Владимир Милчин, Македонски народен театар - Скопје 1994; Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, режија: Сашо Миленковски, Македонски народен театар - Скопје 1995; Ангелина - Лепа Ангелина од Благоја Ристески, режија: Владимир Милчин, Македонски народен театар - Скопје 1995; Оливер Глембај - Глембаеви од Мирослав Крлежа, режија: Љубиша Георгиевски, Македонски народен театар - Скопје 1996; Марлота Ивановна - Вишновата градина од Чехов, режија: Љубиша Георгиевски, Македонски народен театар - Скопје 1997; Девојката - Едмонд од Дејвид Мемед, режија: Синиша Евтимов, Македонски народен театар - Скопје 1997; Ксантиј - Жаби од Аристофан, режија: Бранко Ставрев, Македонски народен театар - Скопје 1998; Олга - Мурлин Мурло од Николај Кољада, режија: Владимир Милчин, Македонски народен театар - Скопје 1998; Робин - Бетмен враќањето на црниот витез од Френк Милер, режија: Кристијан Ристески, Македонски народен театар - Скопје 1999; Домаќинката - Носорог од Ежен Јунеско, режисер: Љубиша Георгиевски, Македонски народен театар - Скопје 1999; Лефтерија - Немушт јазик од Блаже Миневски, режисер: Бранко Ставрев, Македонски народен театар - Скопје 2000; Агатија Крстаноска - Писание од Живко Чинго, режија: Бранко Ставрев, Македонски народен театар - Скопје 2002; Магдо љубов моја од Сашко Насев, режија: Димитар Станковски, Македонски народен театар - Скопје 2003; Првата госпоѓа - Жени во народно собрание од Аристофан, режија: Димитар Станковски, Македонски народен театар - Скопје 2004; Оркестар Титаник, режија: Димитар Станковски, Македонски народен театар - Скопје 2006; Бобчински - Ревизор од Гогољ, режија: Владимир Милчин, Македонски народен театар - Скопје 2006; Евгенија - Болва вʼ уво од Жорж Фејдо, режија: Бранко Ставрев, Македонски народен театар - Скопје 2007; Генерал Пил - Кралот Иби од Алфред Жари, режија: Бојан Трифуновски, Македонски народен театар - Скопје 2007; Анѓа - Сомнително лице од Бранислав Нушиќ, режија: Симиша Евтимов, Македонски народен театар - Скопје 2007; Полицаец - Госпоѓа Министерка од Брнислав Нишиќ, режија: Наташа Поплавска, Македонски народен театар - Скопје 2009; Копнеж по целина од Матеја Матевски, режија: Ристо Алексовски, Македонски народен театар - Скопје 2011; Армина - Самовилски јајце од Исидора Данкан, режија: Снежана Конеска Руси, Македонски народен театар 2011; Декамерон од Џовани Бокачо, режија: Бољо Лунгов, Македонски народен театар - Скопје 2012; Хор - Вечната куќа од Јордан Плевнеш, режија: Дејан Пројковски, Македонски народен театар - 2013; Хорацио - Аферата Елсинор од Љубиша Георгиевски, режија: Љубиша Георгиевски, Македонски народен театар - Скопје 2014; Цона - Марко Цепенко, режија: Снежана Конеска Руси, Македонски народен театар - Скопје 2015; Елијанта - Мизантроп од Молиер, режија: Ана Вукотиќ, Театар Комедија 2018; Атина - Викенд на мртовци од Миле Попоски, режија: Ѓорѓи Ризески, Театар Комедија 2018;

Филмографија Ризова-Черних ги остварила филмските улоги: Година Филм Улога 1991 Вистина ТВ-филм Марија 1991 Стрес или погрешна нота ТВ-филм Снаата 1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Зевас 1993 Грев или шприцер ТВ-филм Мими 1994-1995 Бумбари ТВ-серија Келнерка 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1998 Салон Хармони ТВ-серија Божица 1999 Глас ТВ-филм 1999-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија 2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Благица 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2002 Звукот на светлината ТВ-филм Марија 2002 Наше маало ТВ-серија Марија 2002 Заведени ТВ-серија 2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Нада 2005 Обични луѓе ТВ-серија Агент 2006 Мост ТВ-филм Марија 2007 Цимери ТВ-серија 2007-2010 Народни приказни ТВ-серија 2008 Куќен совет ТВ-серија 2008-2010 Македонски народни приказни ТВ-серија 2010 Од денес за утре ТВ-серија 2015 Медена ноќ ТВ-филм 2016-2017 Комшиски приказни ТВ-серија 2024 Аманет ТВ-филм Мајката

Награди Добитник е на повеќе награди, од кои по значајни се:

1991 - Награда за најдобра епизодна улога, на Филмскиот фестивал во Лугано, Швајцарија за улогата на Марија во Филмот Вистина, во режија на Стиле Поточњак 1993 - Награда за најдобар млад глумец, за улогата на Мими во претставата Грев или шприцер во режија на Димитар Станковски 1994 = Награда за најдобра женска улога на фестивалот во Ливерпул, Англија, за улогата на Јохана во претставата Бал во режија на Бранко Брезовац 1995 - Награда за најдобра женска улога во улогата на Коробочка, во претставата Мртви души во режија на Владимир Милчин 1998 - Награда за најдобра претстава и за најдобра женска улога на Балканот на Балканскиот фестивал во Софија - Бугарија за претставата Мурлин Мурло во режија на Владимир Милчин

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумици од Кавадарци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје