Градиште — градиште од доцноантичко време. На 2 километри јужно од селото се издига висок рид со доминантна положба. На неговиот врв, на простор од 30 × 70 метри се зачувани остатоци од бедемот ѕидан од кршен камен и варов малтер. Во внатрешноста на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и други. Најдени се и остатоци од топена железна руда.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бобиште — населба од римското време; Главица — могила од доцноантичкото време; и Илина Црква — црква од средниот век.

Наводи

Категорија:Панчарево