Оваа статија е за планетата од Сончевиот Систем. За останатите значења на поимот „земја“, видете ја страницата за појаснување.

Земјата — една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета планета по оддалеченост од Сонцето и најголема со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата Земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109 , а Th232 е 1,39 x 1010 години.Д. Рабреновић, С.Кнежевић, Љ. Рундић. Историјска геологија са практикумом. Завод за графичку технику ТМФ Београд, 1996 ISBN 86-81019-17-1

Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат Земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до Земјината површина.

Единствениот познат сателит на Земјата, Месечината, почнала да кружи околу Земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, Земјата прави круг околу Сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 сончеви денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5°Ahrens, Global Earth Physics: A Handbook of Physical Constants, p. 8 што е последица за менувањето на годишните времиња на Земјината површина.

Атмосферските услови се значајно променети откако настанал животот на планетата и ни создава еколошка рамнотежа која ги модифицира условите на површината на Земјата. Околу 71 % од Земјината површина е покриен со вода. Земјата е единствена планета во Сончевиот Систем каде што водата може да остане во течна состојба. Останатите 29 % се континентите и островите. Земјината површина е многу променувана во текот на многу милиони години, а причина се тектонските движења.

Земјата, исто така реагира и на надворешниот свет во одредени мери. Нејзиниот релативно голем сателит, Месечината, влијае на плимата и осеката, го стабилизира променувањето на степенот на Земјината оска со што постепено ја менува должината на вртежниот период на Земјата. Дождот од комети, во периодот по настанувањето на Земјата, одиграла голема улога во настанувањето на океаните. Подоцна, судирите со астероидите предизвикале значајни промени во Земјината површина.

Историја

Научниците успеале да реконструираат подробни информации за минатото на планетата. Земјата и други планети во Сончевиот Систем се формирале пред 4,6 милијарди годиниDalrymple, G.B. (1991). The Age of the Earth. California: Stanford University Press. ISBN 0-8047-1569-6.Newman, William L. (2007-07-09). "Age of the Earth". Publications Services, USGS.Dalrymple, G. Brent (2001). "The age of the Earth in the twentieth century: a problem (mostly) solved". Geological Society, London, Special Publications 190: 205–221. doi:10.1144/GSL.SP.2001.190 јануари 14, http://sp.lyellcollection.org/cgi/content/abstract/190/1/205. Посетено на 20 September 2007.Stassen, Chris (10 септември 2005). "The Age of the Earth". The TalkOrigins Archive. од сончева магла, маса од прашина и гас во облик на диск кои заостанале по формирањето на Сонцето. Првобитно, Земјата била растопена маса, потоа е формирана надворешна обвивка на планетата Земја (Земјина кора) при ладење. Истовремено со формирањето на кората, почнало да се акумулира вода во атмосферата. Набрзо после тоа настанала и Месечината, веројатно како последица на судир со објект, со големина како планетата Марс, и 10 % маса од Земјата, наречена Теја. Дел од масата се споил со Земјината маса, а друг дел е исфрлен во Вселената, но доволно за да се формира Месечината.

Гасовите и вулканските активности ја создале првобитната атмосфера. Со кондензирање на водената пареа од мразот кој го донеле кометите, настанале океаните.Morbidelli, A.; Chambers, J.; Lunine, J. I.; Petit, J. M.; Robert, F.; Valsecchi, G. B.; Cyr, K. E. (2000). "Source regions and time scales for the delivery of water to Earth Meteoritics & Planetary Science 35 (6): 1309–1320. пров. 6 март 2007 Се верува дека високоенергетска хемиска реакција создала самоудвојување на молекулите пред околу 4 милијарди години, а пола милијарда години потоа, настанале првите облици на живот на Земјата.Doolittle, W. Ford (February, 2000). "Uprooting the tree of life". Scientific American 282 (6): 90–95.

Развојот на фотосинтезата овозможил животинските форми директно да ја користат Сончевата енергија. Кислородот кој настанал во тој процес и оној кој се акумулирал во атмосферата се претворил во озонска обвивка во горната атмосфера. Инкорпорацијата на малку од клетките придонела во развојот на комплексни клетки кои се нарекуваат еукариот. Озонската обвивка ги апсорбирала ултравиолетовите зраци, што овозможило понатамошен развој на живите клетки на Земјата.Burton, Kathleen (November 29, 2000). Astrobiologists Find Evidence of Early Life on Land. NASA. Посетено на 2007-03-05.рамка|100п|лево|Пангеја — најмладиот суперконтинент

Земјината површина во текот на стотина милиони години постојано го менувала својот облик, се формирале континенти и подоцна се губеле, мигрирале и со текот на времето, спојувајќи се, формирале суперконтиненти. Пред околу 750 милиони години, најстариот познат суперконтинент, Родинија, почнал да се дели на континенти, кои повратно, пред околу 600 — 540 милиони години, се прекомбинирале и се соединиле во друг суперконтинент, Панотија, по што конечно го формирале Пангеја, која се растурила пред околу 180 милиони годиниMurphy, J. B.; Nance, R. D. (1965). "How do supercontinents assemble?". American Scientist 92: 324–33. Посетено на 2007-03-05.. На почетокот на шеесеттите години на 20 век, се претпоставувало дека измеѓу 750 и 580 милиони години, постоела ледена активност на Земјата, што довело до нејзино прекривање на површината со слој на мраз. Оваа хипотеза е наречена „Снежна Земја“ и е многу важна бидејќи и претходела на камбриумската експлозија која го условила создавањето на повеќеклеточните организамиKirschvink, J. L. (1992). The Proterozoic Biosphere: A Multidisciplinary Study. Cambridge University Press, 51–52. ISBN 0-521-36615-1..

По камбриумската експлозија (нагло развивање на животот) имало пет масовни уништувањаRaup, D. M.; Sepkoski, J. J. (1982). [Mass Extinctions in the Marine Fossil Record "Mass Extinctions in the Marine Fossil Record"]. Science 215 (4539): 1501–1503. Посетено на 2007-03-05.. Последното уништување се случило пред 65 милиони години, кога метеорит удрил во Земјата и со тоа е предизвикано исчезнувањето на диносаурусите и другите големи рептили, иако некои мали животни, цицачи, преживеале. Во текот на 65-те милиони години, цицачите се размножиле и настанале многубројни видови, а пред неколку милиони години, африканските мајмуни успеале да се исправат на две нозеGould, Stephan J. (October, 1994). "The Evolution of Life on Earth". Scientific American. Посетено на 2007-03-05.. Ова овозможило користење на разни орудија и придонело во развојот на комуникацијата, која влијаела на стимулацијата во развојот на големиот мозок. Развивањето на цивилизациите овозможило луѓето да влијаат на Земјата во многу краток период на начин на кој не влијаело ниту едно друго живо суштествоWilkinson, B. H.; McElroy, B. J. (2007). "The impact of humans on continental erosion and sedimentation". Bulletin of the Geological Society of America 119 (1–2): 140–156. Посетено на 2007-04-22..

Структура и состав на Земјата По големина, Земјата е петта во Сончевиот Систем. За разлика од некои други планети, Земјата не е гасовит џин, каква што е Јупитер на пример. Земјата има цврста површина како и Меркур, Венера и Марс, од кои Земјата е најголема, со најголема густина, најсилна гравитација и најсилно магнетно поле. Генерално, Земјата се состои од атмосфера, биосфера, хидросфера и нејзините внатрешни градби под површината. мини|250п|десно|Подредени планети според големината (од лево кон десно): Меркур, Венера, Земја, Марс

Облик на Земјата Обликот на Земјата многу наликува на вртежен елипсоид. Сепак, ова геометриско тело, кое до пред неколку години се користело за интерпретација, не одговара во потполност со обликот на Земјата. Поради тоа елипсоидот во научните истражувања е заменет со новиот, приближен облик — геоид. Масата на Земјата е приближно 5,98 x 10(24) кг.

Ротацијата на Земјата доведува до екваторската испакнатост, така што екваторската должина е за 43 км поголема од половатаSandwell, D. T.; Smith, W. H. F. (Jul, 26, 2006). Exploring the Ocean Basins with Satellite Altimeter Data. NOAA/NGDC. Посетено на 2007-04-21.. Најголеми локални девијации на површината на Земјата се Монт Еверест (8.848 м надморска височина), Маријана Тренч (10.911 под водната површина). Според тоа, во споредба со совршен елипсоид, Земјата има толеранција од 1:584 или 0,17 %, што е за 0,22 % помалку од дозволената толеранција кај топка во билјардотStaff (November, 2001). WPA Tournament Table & Equipment Specifications. World Pool-Billiards Association. Посетено на 2007-03-10.. Поради испакнатоста, најдалечната точка од центарот на Земјата е планината Чимборасо во Еквадор.Senne, Joseph H. (2000). "Did Edmund Hillary Climb the Wrong Mountain". Professional Surveyor 20 (5).

Хемиски состав на Земјата Според хемискиот состав на Земјата, во најголем дел ја сочинуваат: железо (32,1 %), кислород (30,1 %), силициум(15,1%), магнезиум (13,9 %), сулфур (2,9 %), никел (1,8 %), калциум (1,5 %) и алуминиум (1,4 %), а преостанатите 1,2 % ги сочинуваат мали количини на други елементи. Пред сегрегацијата на тежината, се верува дека кората во основа била сочинета од: железо (88,8 %), мали количини на никел (5,8 %), сулфур (4,5 %), а помалку од 1 % биле хемиските елементи кои подоцна се појавиле во поголеми количини.

Атмосфера Земјината атмосфера има повеќекратна улога. Таа ја штити Земјата од помали метеори така што предизвикува нивно целосно согорување пред тие да стигнат до површината на Земјата. Азотот и кислородот во атмосферата, заедно со Земјиното магнетно поле, ја штитат Земјата од зрачењето кое би било смртоносно. Земјината атмосфера нема точно одредена граница, бидејќи како што поминува времето таа станува се побледа и поретка. Атмосферата ја сочинуваат повеќе слоеви, а се протега на повеќе од 100 км над површината. Нејзе ја сочинуваат: 78 % азот, 21 % кислород, 0,93 % аргон, 0,03 % јаглерод диоксид и мали количини на водена пареа и други гасовиЛ. Љ. Пешић:Општа геологија - Ендодинамика, Рударско-геолошки факултет, Београд, 1995.. Слоеви на атмосферата: тропосфера (до височина од околу 12 км) е најнискиот и најгустиот дел од атмосферата во кој се одвиваат сите временски појави. Во овој слој температурата опаѓа во зависност од висината. Содржи голема количина на водена пареа. стратосфера (до височина од околу 50 км) содржи озон кој не штити од штетните зрачења во вселената. Во пониските слоеви, температурата е постојана, а во повисоките се зголемува. Ветровите кои дуваат во стратосферата достигнуваат брзина од неколку стотини км/ч. мезосфера (до височина од околу 85 км) е слој во кој се случува нагло опаѓање на температурата. јоносфера или термосфера (до височина од околу 500 км) содржи јони, наелектризирани честички. Во овој слој на атмосферата, под влијание на Сончевиот ветер, се создава поларна светлина. Температурата се накачува сè до височина од 400 км. егзосфера. Егзосферата е прелазен простор кон вакуумот. Таа е слој со многу разредени гасови и се простира на височина од над 500 км.

Преодните простори помеѓу слоевите на атмосферата се: тропопауза, стратопауза и мезопауза.

Клима мини|250п|лево|Stratocumulus perlucidus облаци