„Доротеј“ — српски и југословенски филм од 1981 година, во режија на Здравко Велимировиќ. Главните улоги ги играат: Гојко Шантиќ, Горица Поповиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Дарко Дамевски и Вељко Мандиќ.

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во феудалната Србија во 1308. година. Монахот Доротеј доаѓа во еден манастир за да го лечи стариот игумен. Монахот Никанор има намера да го преземе раководството на манастирот, па неговата недоверба кон Доротеј се претвора во отворен судир, откако ќе оздрави игуменот. Во народот се раширува гласот дека Доротеј е чудотворец и благородникот Лауш го повикува Доротеј да го излечи од раната која му се влошува. Истовремено, заповедникот на војската Дадар ѝ се наметнува на господарката Јелена, сопругата на Лауш, надевајќи се дека Лауш ќе умре и дека тој ќе преземе власта. Јелена му се приближува на Доротеј, кој лечи без да ги дели луѓето по положбата, туку по страдањето. Природно, меѓу нив се создава духовна врска која прераснува во љубов. Тогаш се будат мрачните сили на злото. Никанор и Дадар ја губат последната можност за освојување на власта, а во нивниот свет нема место за човечноста и за љубовта.РТС, Доротеј (пристапено на 14.11.2021)

Наводи

Категорија: Југословенски филмови Категорија: Српски филмови Категорија: Филмови на српски јазик Категорија: Филмови на Здравко Велимировиќ Категорија:Филмови со Дарко Дамески Категорија: Филмови со Вељко Мандиќ Категорија: Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија: Филмови со Горица Поповиќ Категорија: Филмови со Данчо Чевревски Категорија: Филмови со Мето Јовановски Категорија: Филмови со Гојко Шантиќ Категорија: Филмови со Марин Бабиќ Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија: Филмови за свештеници