Кремениште-Селиште — населба од римското време. Источно од селото во правецот на Робово, од двете страни на малата долина северозападно од Умленска Река, на блага падина ориентирана кон реката, во нивите се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови и питоси, а најдени се и монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Воднико — населба од неолитското време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Гробишта — старохристијанска црква со некропола; Караѓузлија — населба од римското време; Манастир — старохристијанска црква; Мачево — населба од хеленистичкото време; Мачевски Чуки — могили од римското време; Могила — могила од римското време; Цуцуло — населба од римското време и старохристијанска црква; и Человеко — могила од римското време.

Наводи

Категорија:Мачево