Св. Илија — православна црква во Живиње, Кумановско. Ѝ припаѓа на Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена во центарот на селото. Изградена е во 1886 г. за време на Македонската преродба како трикорабен бескуполен храм. Живописана е од Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов од Велес. Има позлатени, резбани царски двери.
Поврзано Живиње Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Клечовска парохија Галерија на икони (Куманово)
Наводи
Надворешни врски
Живиње