Брестови — населба од доцноантичкото време. Се наоѓа северозападно од селото, меѓу атарите на Умлена, Робово и Смојмирово, лево од патот Берово-Делчево. Претставува блага падина што се протега од исток кон запад, во правецот на селото Мачево. На површината има градежен камен и голем број фрагменти од градежни ќерамиди, како и од керамички садови со сива боја од III-IV век. Во нива се забележуваат остатоци од темели на ѕидови во кои се вградени римски тули. Во 1952/53 година случајно биле откопани повеќе златни монети (депо), од кои 5 солиди од Јустин I.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Милина Црква — старохристијанска црква.
Наводи
Категорија:Смојмирово