мини|Д-р Џенифер Даудна од Институтот за иновативна геномика

Џенифер Ана Дудна (; р. ) — американски биохемичар, која е пионер во уредување со CRISPR, и значително придонела во полињата на биохемијата и генетиката. Таа ја добила Нобеловата награда за хемија во 2020 година, со Емануел Шарпантје, за „развој на метод за уредување на геномот“. Таа е професорка на Катедрата за хемија и на Катедрата за молекуларна и клеточна биологија на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Таа е истражувач на Медицинскиот институт Хауард Хјуз од 1997 година.

Дудна пораснала во Хило, Хаваи. Дипломирала на колеџот Помона во 1985 година и докторирала на „Медицинскиот факултет Харвард“ во 1989 година.

Дудна има многу други стипендии и престижни награди и тие вклучуваат: наградата „Алан Т. Ватерман“ од 2000 година за нејзиното истражување на структурата, како што е и утврдено со рендгенска кристалографија, на рибозимот, и „Наградата за пробив во животните науки“ за CRISPR-Cas9 технологијата за уредување на геном во 2015 година, со Шарпентје. Била ко-примател на наградата „Грубер за генетика“ (2015), наградата „Танг“ (2016), „меѓународната награда за Канада Гарднер“ (2016), и „Јапонската награда“ (2017).

Надвор од научната заедница, таа била прогласена за една од 100. највлијателни луѓе на Тајм во 2015 година (со Шарпентје),King, Mary-Claire. "Time 100 Most Influential People: Emmanuelle Charpentier & Jennifer Doudna ". Time. April 16. 2015. Web. December 25, 2016. и била наведена како второпласирана за личност на годината во Time во 2016 година заедно со другите истражувачи на CRISPR.Park, Alice. "The CRISPR Pioneers: Their Breakthrough Work Could Change the World." Time. N.d. 2016. Web. December 25, 2016. Во 2017 година, таа била главен автор на „Пукнатина во создавањето: генско уредување и незамислива моќ за контрола на еволуцијата“. Jennifer A. Doudna and Samuel H. Sternberg. A Crack in Creation: Gene Editing and the Unthinkable Power to Control Evolution. Houghton Mifflin Harcourt, 2017.

Ран живот и образование Џенифер Дудна е родена на 19 февруари 1964 година во Вашингтон, како ќерка на Дороти Џејн (Вилијамс) и Мартин Кирк Дудна. Нејзиниот татко докторирал по англиска литература на Универзитетот во Мичиген, и нејзината мајка магистрирала по образование. Кога Дудна имала седум години, семејството се преселило на Хаваи за да може нејзиниот татко да работи на Универзитетот на Хаваи во Хило. Мајката на Дудна добила втора магистерска диплома по азиска историја на универзитетот и предавала историја на колеџ во локалната заедница. Растејќи во Хило, Хаваи, Дудна била фасцинирана од еколошката убавина на островот и неговата егзотична флора и фауна. Природата била важен дел од гредењето на нејзиното чувство за љубопитност како и нејзината желба да ги разбере основните биолошки механизми на живиот свет. Ова била придружено со атмосферата на интелектуална потрага што нејзините родители ја поттикнувале од дома. Нејзиниот татко уживал да чита за науката и го исполнил домот со многу книги за наука. Кога Дудна била во шесто одделение, тој и дал примерок од книгата на Џејмс Вотсон од 1968 година за откривањето на структурата на ДНК, „двојната спирала“ , која и претставувала главна инспирација. Дудна, исто така, го развила својот интерес за наука и математика во училиште. Додека го посетувала средното училиште Хило, нејзиниот интерес за науката го негувала наставничката по хемија, г-ѓа Жанет Вонг, која е често наведувана за нејзиното значително влијание во поттикнувањето на научната љубопитност на Дудна. Еден привремен предавач за клетките на ракот дополнително ја охрабрил нејзината потрага и интерес за наука како кариерен избор. Едно лето поминала работејќи во лабораторијата на Универзитетот на Хаваи во Хило кај познатиот миколог Дон Хемес. Дудна дипломирала во средното училиште Хило во 1981 година.

Дудна била студент по биохемија, студирала додипломски студии на колеџот Помона во Клермонт, Калифорнија. За време на првата година, таа следела студии по општа хемија. Тогаш Дудна се сомневала во сопствената способност за продолжување на својата кариера во науката, често размислувала дали да ја смени својата специјализација во француски за втората година на колеџот. Сепак, нејзиниот наставник по француски јазик и предложил да се држи до науката. Нејзините професори по хемија Фред Гриман и Корвин Ханш во Помона имале големо влијание врз неа. Своето прво научно истражување го започнала во лабораторијата на професорката Шерон Панасенко. Таа се стекнала со диплома по биохемија во 1985 година. Дудна го избрала Медицинскиот факултет Харвард за нејзините докторска студии и докторирала по биолошка хемија и молекуларна фармакологија во 1989 година. Нејзиниот докторат бил за систем кој ја зголемува ефикасноста на самореплицираната каталитичка РНК и била под менторство на Џек В. Шостак.

Кариера и истражување По нејзиниот докторат, таа добила повеќе истражувачки стипендии, меѓу кои стипендија за молекуларна биологија во Општата болница во Масачусетс и стипенција за генетика на Медицинскиот факултет Харвард. Од 1991 до 1994 година, таа била постдокторски стипендист по биомедицински науки на Универзитетот во Колорадо Болдер, каде што работела заедно со Томас Чех.

Истражување за структурата и функцијата на рибозимот Џенифер на почетокот на нејзината кариера работела на откривање на структурата и биолошката функција на ензимите или рибозимите на РНК. Додека била во лабораторијата во Шостак, таа направила ре-инженерство на „каталитичкиот интрон од Tetrahymena Група I“ кој се спојува во вистински каталитички рибозим, копирајќи ги шаблоните на РНК. Фокусот ѝ бил на инженерските рибозими како и разбирање на нивните основни механизми; сепак, таа сфатила дека неможноста да ги види молекуларните механизми на рибозимите е голем проблем. Дудна отишла во лабораторијата на Томас Чех на Универзитетот во Колорадо Болдер за да ја кристализира и за да ја утврди тридимензионалната структура на рибозимот за прв пат, така што структурата на рибозимот може да се спореди со онаа на Ензимите, каталитичките белковини. Овој проект таа го започнала во лабораторијата Чех во 1991 година и го завршила на Универзитетот Јеил во 1996 година. Дудна се приклучила кон Катедрата за молекуларна биофизика и биохемија на Јеил како доцент, во 1994 година. мини|Д-р Портрет на Џенифер Дудна од Кристофер Мишел за националните академии

Структура заснована на дифракција на Х-зраци на активното место на рибозимот на Јеил мини|Облик на самоспојувачки интрон со два егзони (прикажани со црвена и сина боја). DS Goodsell, 2005, PDB На Јеил, групата на Дудна успеала да ја кристализира и да ја открие тридимензионалната структура на каталитичкото јадро на „рибозимот Tetrahymena Група I“. Тие покажале дека јадрото од пет јони на магнезиум се групира во еден регион од доменот P4-P6 на рибозимот, формирајќи хидрофобно јадро околу кое остатокот од структурата може да се свитка. Ова е аналогно, но сепак хемиски различно од начинот на кој белковините обично имаат јадро од хидрофобни аминокиселини. Нејзината група кристализирала и други рибозими, вклучувајќи го и „рибозимот на Хепатит Делта Вирус“. Оваа првична работа за решавање на големи структури на РНК довело до понатамошни структурни студии на внатрешно влезно место на рибозом (IRES) и комплекси на белковината-РНК, како што е „честичката за препознавање сигнал“.

Дудна била унапредена на позицијата професор по молекуларна биофизика и биохемија на Јеил во 2000 година. Во 2000-2001 година, таа била вонреден професор по хемија на Универзитетот Харвард.

Преселување во Беркли Во 2002 година, Дудна му се придружила на сопругот, Џ. Кејт, во Беркли, прифаќајќи позиција како професор по биохемија и молекуларна биологија. Дудна, исто така, добила пристап до синхротронот во „Националната лабораторија Лоренс Беркли“ за нејзините експерименти со дифракција на рендген со голема моќност.

Во 2009 година, таа зела отсуство од Беркли за да работи во Genentech. По два месеци, таа го напуштила Genentech и се вратила во Беркли со помош на колегата Мајкл Марлета откажувајќи ги сите нејзини обврски да студира CRISPR.

Почнувајќи од 2020 година, Дудна работела на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, каде што го водела Институтот за иновативна геномика, кој претставувал соработка помеѓу Беркли и UCSF; потоа била професорка на канцеларката Ли Ка Шинг по биомедицина и здравје; како и претседател на Советодавниот комитет за биологија на канцеларот. Сега, нејзината лабораторија се фокусира на проучување и добивање механистичко разбирање на биолошките процеси кои вклучуваат РНК. Оваа работа е поделена на три главни области: системот CRISPR, интерференција на РНК и транслациона контрола преку MicroRNAs.

Откритие за уредување на геномот со CRISPR-Cas9 Дудна била запознаена со CRISPR од Џилијан Банфилд во 2006 година, која ја нашла Дудна преку пребарување на Google, откако впишала „RNAi and UC Berkeley“ во нејзиниот прелистувач, а името на Дудна се појавило на врвот на листата.Jill Banfield: How a curious Google search led me to Jennifer Doudna, Jill Banfield (Berkeley News, published October 7, 2020)Jennifer Doudna's First Reactions to 2020 Nobel Prize Win (published October 7, 2020, to the UC Berkeley channel on YouTube) Во 2012 година, Дудна и нејзините колеги дошле до ново откритие кое го намалиле времето и работата потребни за уредување на геномската ДНК. Нивното откритие се потпирало на белковината наречена Cas9, пронајден во имунолошкиот систем на бактеријата Streptococcus кој соработува со водич РНК и работи како ножици. Белковината го напаѓа својот плен, ДНК на вирусите, и го сече на парчиња, спречувајќи заразување бактеријата. Овој систем првпат бил откриен од Јошизуми Ишино и неговите колеги во 1987 година и подоцна карактеризиран од Франциско Мохика, но Дудна и Емануел Шарпентје за прв пат покажале дека можат да користат различни РНК за да го програмираат за сечење и уредување на различни ДНК.

Како што CRISPR денес се повеќе и повеќе се користи за уредување и менување на функцијата на повеќеклеточни организми, така Дудна продолжува да биде повикувана како лидер во етиката и моралното прашање на менување на функционирањето на организмот со помош на технологијата CRISPR. Оттогаш, ова откритие е дополнително развивано од многу истражувачки групи за апликации од фундаментална клеточна биологија, растителни и животински истражувања до третмани за болести вклучувајќи српеста анемија, цистична фиброза, Хантингтонова болест и ХИВ. Неколку други водечки биолози заедно со Дудна повикаа на светски мораториум за секоја клиничка примена на уредување на гени со помош на CRISPR технологијата. Дудна ја поддржува употребата на CRISPR технологијата за соматско уредување на гени, за генски промени кои не се пренесуваат на следната генерација, но не и уредување на гените на герминативните линии. лево|мини| Комплекс CRISPR-Cas9