Дубровник — град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички одредишта во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Според податоците од пописот во 2011 година, Дубровник имал 42.615 жители. Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Просперитетот на градот во текот на историјата се темелил врз основа на поморската трговија, како главен град на поморската Република Дубровник, постигнувајќи висок степен на економски развој, особено за време на 15 и 16 век кој бил единствениот град-држава на источниот дел од Јадранско Море, конкурирајќи на Република Венеција во трговијата. Градот бил еден од седиштата на развојот на српскохрватскиот јазик и литература, и во градот живееле и твореле голем број на значајни писатели, сликари, математичари, физичари итн.

Историја лево|thumb|Старото пристаниште и историскиот центар на Дубровник

Во античко време Дубровник бил населен од илирското племе Далмати. Според делото De Administrando Imperio ( 950) на Константин Порфирогенит, Рагуза била основана во 7ми век, и била наречена според еден карпест остров Лауса, од страна на бегалци од Епидаурум, римски град кој се наоѓал јужно, кога тој бил уништен во борбите помеѓу Словените и Аварите.

Дубровник како тема во уметноста и во популарната култура Дубровник се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како: „Дубровнички кулиси“ (Dubrovačka kulisa) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 67-68.

Наводи

Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Дубровничко-неретванска Жупанија Категорија:Светско наследство во Хрватска Категорија:Населени места основани во 7 век Категорија:Утврдени населби