Света Троица (позната и како Свети Дух) — главна селска црква во кумановското село Добрача, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на месноста наречена Висок Рид надвор од маалото Село, во близина на устието на Гладнички во Драгомански Дол.

Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.

До црквата води тешко пристапен земјен пат.

Историја

Денешната црква била подигната во 1935 година на место на некое старо црквиште. Ја изградил Младен Стаменковиќ, кој бил иселеник Добрача во Белград. Ова е и запишано на натписна плоча над влезот.

За старата црква се знае дека е од средновековниот период, но не е познато кога е изградена. Изградена е најверојатно во првата деценија на XVII век.

Архитектура

Црквата е трикорабен гробиштен храм. На западната фасада се зачувани елементи од првобитната камена пластика. Градена е од камен трахит. Внатрешните ѕидови се зајакнати со прислонети лаци, а четири слободно издигнати камени столба се потпираат на две затеги.

Градбата на црквата е задоволителна, но непосредната околина е запуштена со обрасната вегетација, па така апсидата е скоро целосно непристапна. Во внатрешноста на црквата во долните партии на ѕидовите видливи се поголеми оштетувања предизвикани од капиларна влага.

Црквата добила нов покрив со ќерамиди во 2007 година, со што се замениле првобитните камени плочи. Одредени поправки биле правени и во внатрешноста, како што се поставување бетонски под во наосот, варосување со сино во олтарот, поставување ламперија во полукалотата од апсидалната ниша и во сводот од наосот.

Икони и иконостас

Во црквата се поставени икони во внатрешноста, но нема иконостас.

Фрескоживопис

Ѕидното сликарство е целосно уништено,. односно не било зачувано, па така внатрешните ѕидови биле одново малтерисани и бело варосани. Нејзината внатрешност никогаш не била довршена, дури и по нејзината обнова во 1930-тите.

Галерија

Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Добрача

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Добрача