Св. Богородица — православна црква во некогашното кавадаречко село Градиште, денес во атарот на Конопиште. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Храмот ги нема надворешните симболи на црква — крст, камбанарија или олтарна апсида. Изграден е насликан во XIX век, иако за ова нема писмени податоци. Претставува еднокорабна градба со покрив на две води. Живописот е поделен во две подрачја — во првото се фигури на светци во полн раст, а во второто се претставени мноштво композиции. И фреските, и самиот храм секој ден се во фаза на уништување.

Поврзано Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво

Наводи

Градиште