„Да се стигне пред разденување“ (српски: Стићи пре свитања) — југословенски филм од 1978 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живојиновиќ, Радош Бајиќ, Злата Нуманагиќ и Бранко Ѓуриќ.
Синопсис Во пресрет на Втората светска војна, 32 комунисти планираат да избегаат од затворот во Сремска Митровица. Затоа, тие почнуваат да копаат тунел, но работата оди бавно поради неколку причини: разни пречки, појава на подземна вода, преместување на затворениците во друга зграда, појава на предавници и тешко комуницирање со соработниците надвор од затворот. Најпосле, благодарение на помошта на една илегалка и група младинци, затворениците успеваат да побегнат, а потоа се префрлаат во планините и земаат учество во основањето на Првиот фрушкогорски одред.РТС, Стићи пре свитања (пристапено на 22.11.2021)
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1978 година Категорија:Филмови на Александар Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Радош Бајиќ Категорија:Филмови со Злата Нуманагиќ Категорија:Филмови со Бранко Ѓуриќ Ѓуро