Света Петка – главна селска црква во селото Маково.
Местоположба Црквата се наоѓа во западниот дел на селото.
Историја Храмот бил изграден во 1860 година, но бил срушен за време на Првата светска војна, по што бил повторно обновен во 1926 година. Последен пат бил реновиран во 1997 година.„Маково “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Архангел Михаил. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, а апсидата е покриена со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата се издига над оградата од дворот, непосредно од десната стрнаа на влезната порта. Таа е со квадратна основа и на секоја страна во нејзиниот горен дел има по еден правоаголен прозорец со решетки. Изградена е од камен и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Маковски манастир Црква „Св. Петка“ - Маково Маково Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Маково Маково