Борски Управен Округ () — еден од управните окрузи во источна Србија. Има население од 101.100 жители, според исходот од пописот од 2022 година. Административен центар на Борскиот Управен Округ е градот Бор, а судскиот, според традицијата, Неготин.

Историја Трибалите доминирале во областа пред римското освојување во 1 век пр.н.е. кое ги ослабнало и ги покорило палеобалканските племиња. Трибалите, трибалско-дакиско племе, биле поразени од римската војска под водство на Маркус Лициниј Крас, конзул од 30 година пр.н.е. Областа бил организирана во Мизија Инфериор во 87 година од н.е. од страна на императорот Домицијан.

Хеленистичкото религиозно влијание е потврдено преку археолошките наоди во Ровине и Тамнич каде што бил обожаван Херакле, релјеф на Зевс, Херакле и Дионис бил пронајден во Буково.

Општини Округот го опфаќа градот Бор и три општини: Кладово Мајданпек Неготин

Началници на Борскиот Управен Округ 1992 Недељко Магдалиновиќ 1992-1993 Цолиќ Јован 1993-2001 Миливоје Илиќ 2001-2007 Зорица Ѓериќ-Стојчиќ 2007-2014 Синиша Пуљецовиќ 2014-2018 Мирослав Кнежевиќ 2018- Владимир Станковиќ

Демографија Според последниот официјален попис направен во 2022 година, Борскиот Управен Округ имал 101.100 жители.

Етнички групи Етнички состав на Борскиот Управен Округ: Етничка група Популација % Срби 77.956 77,11% Власи 8.190 8,10% Роми 1.805 1,79% Романци 683 0,68% Македонци 302 0,30% Југословени 192 0,19% Бугари 155 0,15% Црногорци 154 0,15% Албанци 103 0,10% Хрвати 96 0,09% Муслимани 61 0,06% Словенци 49 0,05% Останати 619 0,61% Регионално 38 0,04% Неизјаснети 2.907 2,88% Непознато 7.790 7,71% Вкупно 101.100

Економија Областа традиционално е енергетски ориентирана, бидејќи ги има хидроелектраните на Ѓердап: Железна порта I и Железна порта II, а исто така е богата со наоѓалишта на бакар и злато, особено во областите Бор и Мајданпек; исто така откриено е и сребро, но е ретко. Во областа работи гигантската рударска компанија Бор.

Култура Во околината на Бор се наоѓаат: замокот на принцот Александар од 1856 година, изграден во духот на романтизмот и Конакот на кнез Милош (во Брестовачка Бања, изграден во 19 век). Бор е познат како центар на најголемиот рудник за бакар во Европа, чија експлоатација започнала во 1904 година, но, според пронајдените документи, се користел уште во античко време. Во Борскиот Округ се наоѓа и најголемиот национален парк во Србија – Националниот парк Ѓердап, во чии рамки се наоѓа и многу важниот археолошки локалитет Лепенски Вир. Покрај Ѓердап, за светско културно наследство се предложени и неготинските кафеани. Оваа област во источна Србија е позната и по своето римско наследство. Недалеку од Кладово се остатоците од Трајановиот мост, кој илјада години важел за најголемиот мост во светот, како и остатоците од римската тврдина Дијана, додека недалеку од Неготин се остатоците од римската царска палата.

Поврзано Национален парк Ѓердап Лепенски Вир Трајанов мост Рајкова пештера Буковски манастир Хидроелектрана Ѓердап I Административна поделба на Србија Окрузи во Србија

Наводи

Надворешни врски

Радио телевизија Бор Неоткриени локации во Србија / Neotkrivene lokacije u Srbiji (српски)

Категорија:Управни окрузи во Србија

Категорија:Координати на Википодатоците