1582  Почнува да се користи грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија календарот прешол од 4 октомври на 15 октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена. 1878  Претпријатието на Едисон за електрични светилки, денешен „Џенерал Електрик“, започнала со работа. 1894  Алфред Драјфус бил уапсен за шпионирање — започнала аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот Обвинувам! од Емил Зола во весникот „Аврора“. 1928  Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД. 1945  Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство. 1946  Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна. 1971  Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија. 1984  Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“. 1992  Во Скопје е регистрирана Демократска партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач. 1995  По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница. 2016  Керсти Калјулајд станува првата жена на функцијата Претседател на Естонија. 15 октомври