мини|Кент Карлсон за време на натпревар во јули 1985 година во Хилверсум, Холандија Кент Карлсон (3 јануари 1968) е поранешен тенисер од Шведска. Како искусен тенисер на земјен терен.. Тој ги освоил сите девет титули на АТП турнирите во поединечна конкуренција на земјени терени, вклучувајќи го и Мастерсот во Хамбург во 1988 година. Карлсон во септември 1988 година станал светски рекет бр.6 во поединечна конкуренција.
Играчка кариера
Јуниори Карлсон бил успешен јуниор освојувајќи го Купот Кале Анка, кој е шведски јуниорски турнир до 11 години, двапати до 13 години и исто така двапати до 15 годишна возраст. Тој сè уште го држи рекордот за најмногу освоени титули и тоа 4 пред Томас Енквист и Томас Јохансон кои го освоиле 3 пати. Карлсон исто така бил трикратен европски шампион помеѓу 1981- 1983 година. Во 1983 година го освоил Orange Bowl над Емилио Санчес и ја освоил титулата во поединечна конкуренција на Ролан Гарос во 1984 година, без загубен сет, победувајќи го Марк Крацман во финалето.
Професинална кариера и турнири Карлсон го одиграл својот прв професионален натпревар во 1983 година, губејќи од Хајнц Гинтхард во Женева. 1984 година била неговата прва цела година на турнирите и истата година во 3то коло на Ролан Гарос загубил од Андрес Гомес, кој го поразил и на натпреварите на Ролан Гарос во 1985 и 1986 година. Карлсон ја освоил својата прва титула без загубен сет во Ној - Улм победувајќи го Раул Вивер.
По поразот од Матс Виландер во Барселона во октомври 1984 година, Карлсон го одиграл својот прв нареден турнир во април 1985 година во Бари, каде што загубил од Емилио Санчес. Тој играл во мешани двојки од АТП серијата. Карлсон го одиграл своето прво финале на АТП турнирот во Хилверсум, губејќи од Рики Остертун во 5 сета, откако имал водство од 2 спрема 0, а подоцна го освоил и својот прв турнир во Месина победувајќи го Роналд Агенор.
Почнувајќи од сезоната 1986 во април, Карлсон ја освоил својата прва титула на АТП во Бари победувајќи го Хорасио де ла Пења. Тој одиграл две финалиња од кои првото во Мадрид, губејќи од Јоаким Нистром, а второто во Бордо, губејќи од Паоло Кане. Карлсон го забележал својот еден и единствен настап на УС Опен губејќи од Павел Сложил во 3 сета, а потоа ја освоил својата втора титула во кариерата во Барселона и дебитирал во Дејвис купот за својата држава против Чехословачка, каде го победил Милослав Мечир со 6–0, 6–2, 6-4, возвраќајќи му на Мечир за поразот во полуфиналето во Хамбург.
Во 1987 година, Карлсон се пензионирал од својата кариера во мечот против Мечир на Индијан Велс со повреда на коленото која го измачувала во текот на неговата кариера и го ограничувала во неговите настапи, по што морал главно да игра на земјени терени. На тврда подлога одиграл само 13 натпревари.Тој на тениските терени се вратил и освоил две титули, двете против Емилио Санчес во финалето, најпрвин во Ница, а подоцна и во Болоња. На турнирот во Болоња, Карлсон загубил само 10 гејма од кои 5 во првиот натпревар. Тоа претставува рекорд за освоен турнир со најмалку изгубени гејмови во меѓународна тениска серија. Карлсон рекол дека ова е неговиот најдобар турнир во кариерата. Покрај двете титули, Карлсон одиграл и две финалиња во Бостон и Индијанаполис, кои се играле на специфична зелена земјена подлога. И двата натпревари ги загубил од сонародникот Матс Виландер. Карлсон ги добил двата натпревари во поединечна конкуренција за Шведска против Франција во четвртфиналето на Дејвис купот во градот Фрежис, победувајќи ги Тиери Туласне со 6–1, 3–6, 6–1, 6–2 и Анри Леконте со 7–5, 6–2, 7–5. Тој повторно имал уште една тешка операција во август откако се повлекол од настанот во Сент Винсент.
1988 година била најдобрата година за Карлсон кој се вратил од операцијата на коленото во април.Тој ја освоил својата прва титула во таа календарска година и тоа во Мадрид, победувајќи над Фернандо Луна без загубен сет. Подоцна го освоил Германскиот опен без загубен сет, победувајќи го Анри Леконте во финалето, користејќи го својот најсилен удар кон противничките две страни, особено форхенд страната. Потоа следел полуфиналниот настап на Мастерсот во Рим, губејќи од Иван Лендл. Карлсон загубил од Јонас Свенсон во 5 сета на Ролан Гарос во четвртото коло. Тој освоил уште 3 титули по турнирот во Вимблдон, и тоа во Кицбиел победувајќи го Емилио Санчес, во Сент Винсент каде го победил Тиери Шампион и секако неговата последна титула во кариерата во Барселона, победувајќи го Томас Мустер. Во Дејвис купот Карлсон го победил Тиери Туласне во неизвесен натпревар во градот Бастад. Карлсон подоцна бил финалист во Женева, губејќи од Маријан Вајда и во градот Палермо, каде загубил од Матс Виландер.
По успешната 1988 година, Карлсон имал и понатаму проблеми со колената, но собрал сили и успеал да стигне до финалето на турнирот во Атина губејќи од Роналд Агенор, а својот последен професионален натпревар го одиграл во Кицбиел губејќи од Кристијан Сачеану. Потоа, по уште една операција на коленото, Карлсон го објавил своето пензионирање во мај 1990 година.
По тениската кариера Карлсон бил критичен кон медиумите кои навеле дека неговиот татко Ларс-Горан премногу силно го туркал низ неговата кариера, а тој им одговорил дека сите успеси се должат на неговата напорна работа и исцрпувачки тренинзи и дека долго тренирал и никогаш немало да загуби натпревар поради физичката подготвеност, а би изгубил натпревар единствено ако неговиот противник е подобар и ако е поподготвен тој ден од него.
За време на неговите рани години играјќи тенис, Карлсон патувал со групен превоз и се прехранувал во рестораните на тениските сали за да заштеди пари. Тој е критичен кон многу денешни играчи за кои верува дека премногу трошат и се многу разгалени.
По повлекувањето од професионалните турнири, Карлсон ги тренирал тенисерите Магнус Норман, Томас Јохансон, Никлас Крон и Аки Рахунен. По неговиот престој во Монако, Карлсон се вратил во својата Шведска и станал тренер на коњи за трки со техниката кас.Тој овој интерес го развил како тинејџер и за него било природно да го практикува тоа како нов предизвик во неговата спортска кариераSource и рекол дека, има големо задоволство што тренира коњи и дека тоа го исполнувало од првиот ден.
Финалиња во кариерата
Поединечна конкуренција: 17 (9 пати титула или шампион и 8 пати финалист или второпласиран) Легенда (поединечно) Грен слем (0–0) Мастерс куп во тенис (0–0) Мастерс серии на АТП (1–0) Серија на АТП првенството (3–0) АТП турнеја (5–8) Резултатпобеда- поразДата ТурнирПодлогаПротивнициРезултатиПораз0–1јули 1985Хилверсум, ХоландијаЗемја Рики Остертун6–4, 6–4, 2–6, 4–6, 3–6Победа1–1април 1986Бари, ИталијаЗемја Хорасио де ла Пења7–5, 6–7, 7–5Пораз1–2април 1986Мадрид, ШпанијаЗемја Јоаким Нистром1–6, 1–6Пораз1–3јули 1986Бордо, ФранцијаЗемја Паоло Кане4–6, 6–1, 5–7Победа2–3септември 1986Барселона, ШпанијаЗемја Андреас Маурер6–2, 6–2, 6–0Победа3–3април 1987Ница, ФранцијаЗемја Емилио Санчес7–6(9–7), 6–3Победа4–3јуни 1987Болоња, ИталијаЗемја Емилио Санчес6–2, 6–1Пораз4–4јули 1987Бостон, САДЗемја Матс Виландер6–7(5–7), 1–6Пораз4–5јули 1987Индијанаполис, САДЗемја Матс Виландер5–7, 3–6Победа5–5април 1988Мадрид, ШпанијаЗемја Фернандо Луна6–2, 6–1Победа6–5април 1988Хамбург, ГерманијаЗемја Анри Леконт6–2, 6–1, 6–4Победа7–5август 1988Кицбухел, АвстријаЗемја Емилио Санчес6–1, 6–1, 4–6, 4–6, 6–3Победа8–5август 1988Сент Винсент, ИталијаЗемја Тиери Шампион6–0, 6–2Победа9–5септември 1988Барселона, ШпанијаЗемја Томас Мустер6–3, 6–3, 3–6, 6–1Пораз9–6септември1988Женева, ШвајцаријаЗемја Марјан Вајда4–6, 4–6Пораз9–7септември 1988Палермо, ИталијаЗемја Матс Виландер1–6, 6–3, 4–6Пораз9–8април 1989Атина, ГрцијаЗемјаРоланд Агенор3–6, 4–6
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Шведски тенисери