Персиски јазик (фарси или парси, изворно: ) — јазик од индоариската група на индоевропските јазици кој се зборува во Иран, Авганистан и Таџикистан, и од малцинства во Узбекистан, Туркменистан, Азербејџан, и земји како Бахреин, Катар и Кувајт, но и на други места. Води потекло од јазикот на древните Персијци. Неговата непосредна припатност е во иранската гранка на јазици.
Персискиот јазик и неговите варијанти се службени јазици во Иран, Авганистан и Таџикистан. Според Книга на светски факти на ЦИА, засновано на стари податоци, персискиот е мајчин јазик на околу 62 милиони луѓе во Иран, Авганистан, Таџикистан и Узбекистан и уште толку луѓе во остатокот од светот. Од УНЕСКО е побарано во 2006 да го избере персискиот како еден од неговите службени јазици.
Персискиот уште одамна бил медиум за книжевни и научни придонеси кон Исламскиот свет како и на запад. Има влијание врз извесни соседни јазици, особено на туркиските јазици од Средна Азија, Кавказ и Анадолија. Помало влијание има и врз арапскиот и другите месопотамски јазици.
Пет века пред британската колонизација, персискиот јазик бил нашироко користен како втор јазик на Индискиот Потконтинент; бил важен како јазикот на културата и образованието во неколку муслимански дворови во Индија и станал „официјален“ за време на могулските цареви. Англискиот на потконтинентот почнал деловно да се употребува дури во 1843. Како доказ за историското влијание наперискиот јазик во регионот ја гледаме во мерата на неговото влијание врз хиндустанскиот јазик (резултирајќи во урду), маратскиот, пенџапскиот, синдскиот и гуџаратскиот, како и популарноста која персиската книжевност сѐ уште ја ужива во регионот. Покрај ова, мал број на говорницина персиски (главно дарски и таџички дијалекти) можеме да најдеме во урбаните и западни загорја во Пакистан.
Класификација Персискиот ѝ припаѓа на западната група на индоиранската гранка на индоевропското јазично семејство, и е од типот Подмет Прирок Глагол. Ова не е семитски јазик. Западната индоиранска група содржи сродни јазици како курдскиот и белучкиот. Јазикот ѝ припаѓа на југозападната индоиранска група, заедно со татскиот и лурскиот јазик.Windfuhr, G. L. (1987), "Persian", in Bernard Comrie (едиц.), The World's Major Languages, стр. 523--546 (Oxford: Oxford University Press) thumb|325px|Зелената боја означува статус на службен јазик; портокаловата значи малцински
Дијалекти и блиски јазици
Постојат три денешни наречја на стандардиот персиски јазик:
Современ ирански персиски е наречјето во Иран.Henderson, M. M. T. (1994) "Modern Persian Verb Stems Revisited" во Journal of the American Oriental Society, Том 114, бр. 4. (окт. - дек., 1994), стр. 639–641.Keshavarz, M. H. (1988) "Forms of Address in Post-Revolutionary Iranian Persian: A Sociolinguistic Analysis" во Language in Society, Том 17 бр. 4 стр. 565-75 дек 1988 Дарски е локалниот назив на персискиот кој се зборува во Авганистан. Таџички е наречјето во Таџикистан, но за разлика од персискиот кој се користи во Иран и Авганистан, се пишува со кирилица, наместо со арабица.
Овие три наречја се засноваат на класичната персиска книжевност. Постојат и неколку локални дијалекти во Иран, Авганистан и Таџикистан кои само по малку се разликуваат од стандардниот персиски. ларскиот (во Иран), хазарашкиот (во Авганистан), и дарваскиот (во Авганстан и Таџикистан) се такви примери.
Етнолог нуди друга класификација на дијалектите на персискиот јазик. Според овој извор, тие се следниве:Етнолог - Јазични лози - Персиски Западен персиски, или ирански (во Иран) Источен персиски (во Авганистан) Таџички (во Тацикистан и Узбекистан) Хазарашки (во Авганистан) Ајмачки (во Авганистан) Бухарски (во Израел и Узбекистан) Дарваски (во Авганистан и Таџикистан) Џидски (во Израел и Иран) Пахлевиски (во делови од Систан и Авганистан)
Ова се сродни јазици на разни етноси во рамките на границите на денешен Иран:
Лурски, главно зборуван во југозападните ирански покраини Лорестан и Хузестан. Талишки, зборуван во северен Иран, но и јужни делови од Азербејџан. Татски, зборуван во делови од иранските покраини Источен Азербејџан, Занџан и Казвин. Се зборува и во делови од Азербејџан, Русија итн. Тука спаѓаат јудеотатски и христијански татски. Дарски или габриски, првобитно говорен во подрачјето на Јазд и Керман од некои зороастријци во Иран. Наречен и јаздиски.
Фонологија
Иранскиот персиски јазик има 6 самогласки 23 согласки, меѓу кои и две струјни (ч) и (џ).
Самогласки right|300px|Самогласните фонеми во персискиот Историски, персискиот разликувал должина: долги самогласки - , , за разлика од кратки самогласки - , , . Персиските дијалекти се разликуваат по самогласките, повеќе отколку по согласките.
Согласки
Лабијални Алвеоларни Посталвеоларни Палатални Веларни Увуларни ГлоталниНазални Плозиви [] Африкати Фрикативи Ударни Вибранти Апроксиманти
(Кога знаците се во парови, десниот е звучна согласка. Алофоните се во фонетски загради.) Граматика
Морфологија Во персиската морфологија доминираат наставките, а има и мал прој на претставки. Глаголите може да изразуваат време и глаголски вид, и се менуваат според подметот, лицето и бројот. Не постојат родови за именките, нити пак заменките имаат природен род.
Синтакса Нормалните исказни реченици се структуирани: „Подмет Предлог Предлог Прирок Глагол“. Ова значли дека речениците може да имаат изборен подмет, предлошки изрази, и прирок, проследени од задолжителен глагол. Ако прирокот е конкретен, тогаш е проследен од зборот r: и им претходи на предлошки изрази: “Подмет Прирок + “r:”) (Предлог Предлог) Глагол”.
Лексика
Постојат многу заемки во персискиот јазик, главно од арапскиот, но и од англискиот, францускиот, германскиот, и од туркиските јазици.
Персискиот има влијание врз лексиките на други јазици, особено индоиранските јазици како хинди и урду, туркиските јазици како турскиот и узбечкиот, а и арапскиот. Под негово влијание се и неколку јазици од југозападна Азија, како ерменскиот и грузискиот. Персискиот имал влијание дури и врз малајскиот јазик, а многу персиски зборови се влезени и во англискиот. Во македонскиот персиските зборови дошле главно преку турскиот за време на отоманската империја.
Зборообразба Персискиот е многу моќен во зборообразбата и сестран во начините на градење на зборот, комбинирајќи афикси, основи, именки и придавки. Јазикот често употребува аглутинација за формирање на нови зборови од именки, придавки и глаголски основи. Нови зборови се формираат во голема мера, со помош на сложенки од два постоечки збора во еден нов, како кај германскиот. Како што покажал професорот Махмуд Хесаби, само со изведување персискиот може да има 226 милиони зборови.
Еве пример за група зборови изведени од основа во сегашно време комбинирани со некои постоечки афикси:
Персиски Компоненти Македонски Вид на збор дон дон Сегашна основа од донестан (знае) Глаголска основа донеш дон + -еш знаење Именка донешманд дон + -еш + -манд научник Именка донешгох дон + -еш + -гох универзитет Именка донешгохи дон + -еш + -гох + -и универзитетски Придавка хемдонешгохи хем- + дон + -еш + -гох + -и состудент Именка донешкеде дон + -еш + -кеде факултет Именка дона дон + -а мудар, учен Придавка доноји дон + -о + -и мудрост Именка нодон но- + дон неук; глупав Придавка нодони но- + дон + -и неукост; глупавост Именка доненде дон + -енде зналец Придавка донендеги дон + -енде + -и знаење Именка
Еве пример за зборови изведени од основа во минато време комбинирана со некои постоечки афикси:
Персиски Компоненти Македонски Вид на збор дид ديد дид Мината основа од диден (гледа) Глаголска основа дид ديد дид вид Именка диден ديدن дид + -ен гледа Инфинитив дидени ديدني дид + -ен + -и вреди да се види Придавка дидор ديدار дид + -ор посета; среќавање Именка дидори ديداري дид + -ор + -и видно Придавка диде дид + -е видено Минато несвршено; Именка нодиде но- + дид + -е невидено Именка дидгох дид + -гох гледиште Именка дидебон диде + -бон надзорник Именка дидебони диде + -бон + -и надзорништво Имненка
Правопис thumb|right|Ракописот на Али-Акбар Дехода; типично ракопсино персиско писмо
Совцремениот ирански и дарски персиски текст се пишува со арабица. Во последно време латиницата се користи од извесни технолошки и интернационализациони причини. Таџичкиот, кој некои го сметаат за персиски дијалект со влијанија од рускиот и туркиските јазици од средна Азија, се пишува со кирилица во Таџикистан (видете таџичка азбука).
Персиска азбука
Современиот ирански и дарски персиски јазик се пишуваат со изменета варијанта на арабицата (видете персоарапско писмо) со поинакви и изговори и повеќе букви, додека пак таџичкиот се пишува со кирилица.
По исламизацијата на Персија (видете Исламско освојување на Персија), требало некои 150 години пред персијците да ја земат арабицата на место на старата азбука. Пред тоа се користеле две различни азбуки, една за средноперсиски и една за авестански, за верски потреби, позната како авестанска азбука.
Во современото персиско писмо, кратките самогласки (a, e, o) обично не се пишуваат; во текстовите се напишани само долгите самогласки (y, u, â). Ова, се разбира, создава извесни нејаснотии. Еве пример: зборовите керм „црв“, карам „великодушност“, керем „крем“, и кром „хром“ сите се пишуваат со „крм“. Читателот мора да го одреди зборот од контекстот. Арапските знаци за вокализација (харакат) се користат и во персискиот (некои знаци се читаат различно), но ова не помага. На пример, арапскиот знак дама се изговара како /у/, додека во иранскиот персиски се изговара како /о/. Овој систем не се користи во матичната персиска книжевност; главно се користи за учење на јазикот и во некои (но не сите) речници. Постојат и неколку букви кои персијците ги сметаат за 'арапски' иако тие си постојат во персиското писмо. Додека овие постојат, обично не се изговараат по арапски. Наместо тоа, се изговараат како ним слични персиски букви. Така имаме три функционално идентички букви 'з', три букви 'с', две букви 'т' итн. Арапските букви се користат само ако зборот е позајмен од арапскиот јазик.
Додатоци Персиската азбука има додадено четири букви на арабицата:
Глас Изолирана форма Уникодно име [п] پ Пе (ч) چ Че (ж) ژ Же [г] گ Гаф
Варијации Персиската азбука исто така модифицира некои арапски букви. На пример, алеф со хамза под него ( إ ) се менува во алеф ( ا ); зборовите кои користат варијанти на хамзи се пишуваат пак со друга хамза (така што مسؤول станува مسئول); и те марбута ( ة ) обично, но не секогаш, се менува во хе ( ه ) или те ( ت ). Те марбута често се користи во арапскиот за означување на женски род. Персиските именки немаат родови, па затоа те марбута никогаш не се појавила во персиското писмо.
Буквите кои се разликуваат по облик се:
Глас првична арапска буква променета персиска буква назив [к] ك ک Каф [ј] и , ретко ي или ى ی Је
Пишувањето на буквите во нивната првична арапска форма не се смета за неточно, но обично тоа не се практикува.
Латиница
УниПерс, крат. од Универзална персиска азбука (Порсије Џехони) е латинична азбука популаризирана од Мухамед Кејван, кој ја има користено за разни персиски учебници за странци и туристи.
Друга латинична азбука, заснована на еднообразната турска азбука се користела во таџикистан во 1920-тите и 1930-тите. Во доцните 1930-ти била исфрлена и почнала да се користи кирилицата.
Таџичка азбука
thumb|right|220px|Таџички оглас за академија
Кирилица била воведена за пишување на таџичкиот јазик за време на Таџикистанската ССР во доцните 1930-ти, заменувајќи ја латиницата која се користела од времето на Октомвриската револуција, а пред тоа се користела персоарапската азбука. По 1939, материјалите напишани со персиско и персоарапско писмо биле забранети.
Македонска транскрипција
Историја
Перискиот е ирански јазик кој ѝ припаѓа на индоиранската гранка на индоевропското јазично семејство. Најстарите записи на старопериски јазик датираат од големото Периско царство во VI век п.н.е.