Стојан Недев Најдески (1919 во Белчишта, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Стојан Недев Најдески роден во селото Белчишта. Потекнувал од земјоделско семејство, и тој се занимавал со земјоделие. Во НОБ се приклучил во 1943 година. Доброволно пристапил кон одредот Славеј. Загинал на 6 октомври 1943 година во борбите со балистите кај селото Кленоец, кичевско.

Наводи

Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Учесници во НОБ