Вангел Велјанов Николоски (6 ноември 1927 во Сирула, Охридско — 1945 во Скопје) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Вангел Велјанов Николоски е роден во охридското село Сирула. По занимање бил земјоделец. Во НОБ стапил доброволно во 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремскиот фронт, таму се разболува, и умира на 11 јули 1945 година, во воената болница во Скопје.

Наводи

Категорија:Родени во 1927 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ