Видови ЦД, см −2 SD, см −3 Водород (H) ~ 3 ~ 250 Молекуларен водород < 3 < 1.4 Хелиум < 3 ~ 6 Атомски кислород < 3 ~ 4 Молекуларен кислород < 9 < 2,5 Натриум ~ 2 1,7-3,8 Калиум ~ 2 ~ 4000 Калциум ~ 1.1 ~ 3000 Магнезиум ~ 4 ~ 7,5 Аргон ~ 1.3 < 6.6 Вода < 1 < 1,5 неон, силициум, сулфур, железо , јаглерод диоксид итн. Меркур има многу високо променлива атмосфера која содржи водород, хелиум, кислород, натриум, калциум, калиум и водена пареа, со ниво комбиниран притисок од околу 10 −14 бари (1 НПА). Егзосферските видови потекнуваат или од Сончевиот ветер или од планетарната кора. Сончевата светлина ги турка атмосферските гасови подалеку од Сонцето, создавајќи опашка слична на онаа кај кометите.
Постоењето на атмосфера во Меркур било спорно пред 1974 година, иако дотогаш имало формирано консензус дека на Меркур, како и на Месечината, му недостигал суштинска атмосфера. Овој заклучок бил потврден во 1974 година кога беспилотната вселенска сонда Марниер 10 открила слаба егзосфера. Подоцна, во 2008 година, биле добиени подобрени мерења со вселенското летало Месинџер, кое открило магнезиум во егзосферата на Меркур.
Состав Меркурската егзосфера се состои од различни видови кои потекнуваат или од Сончевиот ветер или од планетарната кора.Killen, 2007, pp. 433–434 Првите откриени состојки биле атомски водород (H), хелиум (He) и атомски кислород (O), кои биле забележани од фотометарот на ултравиолетовото зрачење на вселенската сонда Маринер 10 во 1974 година. Се проценува дека концентрациите на овие елементи блиску до површината се разликуваат од 230 cm −3 за водород до 44.000 cm −3 за кислород, со средна концентрација на хелиум. Во 2008 година, сондата Месинџер го потврдила присуството на атомски водород, иако неговата концентрација изгледала повисока од проценката од 1974 година.McClintock 2008, p. 93 Се верува дека егзосферниот водород и хелиум на Меркур доаѓаат од Сончевиот ветер, додека кислородот најверојатно е од кора. десно|мини| Ca и Mg во опашката Четвртиот вид откриен во егзосферата на Меркур бил натриум (Na). Откриен е во 1985 година од Дру Потер и Том Морган, кои ги набљудувале неговите линии на Фраунхоферови емисии на 589 и 589,6 nm.Killen, 2007, pp. 434–436 Просечната густина на овој елемент е околу 1 cm −2. Забележано е дека натриумот се концентрира во близина на половите, формирајќи светли точки.Killen, 2007, pp. 438–442 Неговото изобилство е исто така зголемено во близина во зори во споредба со терминаторот на самрак.Killen, 2007, pp. 442–444 Некои истражувања тврдат дека има корелација на изобилството на натриум со одредени површински одлики како што се Калорис или радио светли точки; сепак овие резултати остануваат контроверзни. Една година по откривањето на натриумот, Потер и Морган објавиле дека калиумот (К) е исто така присутен во егзосферата на Меркур, иако со густина на колона два реда пониска од онаа на натриумот. Својствата и просторниот пренос на овие два елементи се многу слични.Killen, 2007, pp. 449–452 Во 1998 година, друг елемент, калциум (Ca), бил откриен со густина на колоната три реда пониска од онаа на натриумот.Killen, 2007, pp. 452–453 Набљудувањата на сондата во 2009 година покажале дека калциумот е концентриран главно во близина на екваторот - спротивно на она што е забележано за натриум и калиум.McClintock 2009, p. 612–613 Дополнителни набљудувања од Месинџер, пријавени во 2014 година, забележуваат дека атмосферата е надополнета со материјали кои испаруваат од површината од метеори.
Во 2008 година, спектрометарот за брза слика со плазма (FIPS) на сондата Месинџер открила неколку молекуларни и различни јони во близина на Меркур, вклучувајќи H 2 O + (јонизирана водена пареа ) и H 2 S + (јонизиран водороден сулфид ). Нивното изобилство во однос на натриумот е околу 0,2 и 0,7, соодветно. Присутни се и други јони како што се H 3 O + (хидрониум), OH (хидроксил), O 2 + и Si +. Zurbuchen 2008, p. 91, Table 1 За време на неговото прелетување во 2009 година, каналот на ултравиолетовиот и видливиот спектрометар за атмосферска и површинска композиција на Меркур за прв пат открило присуство на магнезиум во Меркурската егзосфера. Близинското површинското изобилство на оваа новооткриена состојка е приближно споредлива со онаа на натриумот.
Својства Ултравиолетовите набљудувања на Маринер 10 воспоставиле горна граница на густината на егзосферната површина на околу 10 5 честички на кубен сантиметар. Ова одговара на површински притисок помал од 10 −14 бари (1 nPa).Domingue, 2007, pp. 162–163
Температурата на егзосферата на Меркур зависи од видот, како и од географската местоположба. За егзосферниот атомски водород, температурата се смета дека е околу 420 K, вредност добиена од Марниер 10 и Месинџер. Температурата за натриум е многу повисока, достигнувајќи 750-1.500 К на екваторот и 1.500–3.500 К на половите.Killen, 2007, pp. 436–438 Некои набљудувања покажуваат дека Меркур е опкружен со жешка корона од атоми на калциум со температура помеѓу 12.000 и 20.000 К.
Опашки мини|Натриумова опашка, фотографирана од аматер во Италија десно|250x250пкс| Натриум опашка Поради близината на Меркур до Сонцето, притисокот на сончевата светлина е многу посилен отколку во близина на Земјата. Сончевото зрачење ги турка неутралните атоми подалеку од Меркур, создавајќи опашка слична на комета зад неа.McClintock 2009, p. 610–611 Главната компонента во опашката е натриумот, кој е откриен над 24 милиони km (1000 R M ) од планетата.Schmidt 2010, p. 9–16 Оваа натриумова опашка брзо се шири до пречник од околу 20.000 км на растојание од 17.500 км.Killen, 2007, p. 448 Во 2009 година, Месинџер, исто така, открил калциум и магнезиум во опашката, иако овие елементи биле забележани само на растојанија помали од 8 RM.
Наводи
Библиографија
Категорија:Меркур Меркур