Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Новаци.
Местоположба Црквата се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на основното училиште.
Историја Црквата била изградена во 1868 година.„Новаци “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Атанасиј. На западната страна има отворена припрата, а западниот ѕид од надворешната страна околу главниот влез во целост е живописан. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата се издига над северозападниот агол од црквата и во нејзиниот горен дел има по еден правоаголен прозорец на секоја страна. Објектот е обоен во бела боја со ниско црно цокле и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има трпезарија, помошни објекти, базен за верски обреди и гроб.
Галерија
Поврзано Новачки манастир Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новаци Новаци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Новаци Новаци