Наум Трпов Багалов (Д'мбени, 30 ноември 1882 — Индијана, 1 август 1955) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и Македонската патриотска организација.

Животопис Наум Багалов е роден во костурското село Д'мбени на 30 ноември 1882 година. Во 1901 година влегол во ВМОРО на многу рана возраст. Зема учество во Илинденското востание со д'мбенската чета, во која чета тој е најмладиот. Потоа е дел од заедничките чети на Лазар Поп-Трајков и Иван Попов. За време на востанието учествува активно во дејствата на заедничките костурски и лерински чети во Вич и Врбица. Потоа учествува во Мариово. Учествува во три судири, заедно со четите на Толе Паша, Дедо Кољо, Пере Тошев и Пандо Сидов, при што им даваат отпор на Османлиите, при што во судирите кај селото Чаниште тој бил ранет во левото рамо. Во 1908 година со четите на Христо Цветков и Пандо Сидов ги обиколуваат Костенаријата, Билишта, Корча, Ресен, Битола и Лерин. По војните се преселил во САД, во Индијана, каде бил член на МПО. Починал на 1 август 1955 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во 1955 година Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски општественици Категорија:Луѓе од Д’мбени Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во САД Категорија:Американски Македонци Категорија:Учесници во Илинденското востание